Контакт

Македонија

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Објавено пред

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна што на 26 октомври годинава беа пронајдени кај стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола.

ДЗС информира дека нејзините пиротехничари се постојано на терен и оти до денеска од полското складиште се извадени 4.000 парчиња артилериски гранати 76 мм, а оти се очекува до завршувањето да се извадат околу 10.000 гранати што се со минимална тежина од 70 тони.

Овие 4.000 артилериски гранати што се извадени од под Тумбе Кафе се неиспукани и без запалки и не претставуваат опасност за транспорт, навдуваат од ДСЗ.

„Бидејќи се работи за огромна количина на неексплодирани убојни средства за истите уништувањето ќе почне во текот на месец декември и ќе продолжи до завршувањето на уништување на истите. При отстранувањето дополнително се пронаоѓаат се поголем број на неексплодирани убојни средства, за да се исчисти теренот ќе се работи и под земјениот пат кој минува зад стадионот во Битола, истиот ќе се затвори за да се продолжи со работа и поради безбедноста на населението“, се наведува во информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување.

Според планот на спроведување на активноста за отстранување на гранатите ДСЗ има Стандардни оперативни процедури за заштита на неексплодирани убојни и други експлозивни средства, што опфаќаат: Мерки за безбедност на лицата вклучени во процесот на активноста на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС); Лична заштита опрема за секој пиротехничар согласно Стандардна оперативна процедура (СОП) за НУС; Одговорното лице на терен за сите активности има должност за планирање и координација за работата на пиротехничарите, соработката со претставниците од единиците на локалната самоуправа – општината, градоначалникот, Армијата, полицијата, болниците и другите соодветни организации.

ДСЗ врз основа на укажаната потреба доставила барање до Министерството за одбрана и за вклучување на пиротехничари на Армијата поради обемноста на активностите за транспорт и уништување на гранатите, а се информирани и меѓународните претставници од ОБСЕ, НАТО и ЕУ во земјава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Објавено пред

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да го изрази пред владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева.

Неколку бугарски медиуми синоќа објавија дека на карневалот во Вевчани било запалено бугарското знаме.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за камиони на Стража

Објавено пред

Утрово во 5 и 50 часоте укината забараната за тешки товарни возила на патниот правец крак Стража – Кичево во двата правци, што беше воведена поради врнежи од снег.

Од 04 часот на регионалниот пат Велес – Прилеп, премин „Плетвар“, сообраќајот се одвива нормално за сите видови моторни возила.

Забраната на патниот правец крак Маврово – Дебар останува да важи.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и студено време со мала до умерена облачност

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни...

Македонија12 часа

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа13 часа

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија14 часа

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Домашен17 часа

Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во...

Македонија17 часа

Лекари од Македонија дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во...

Свет18 часа

Трамп: САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот

САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот, рече американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, во видео-обраќањето. „Сакам...

Свет19 часа

Германска студија: Ризикот од ширење на коронавирусот во концертни сали е незначителен

Ново истражување во Германија за движење на честички во воздухот во затворен простор покажа дека постои незначителен ризик од инфекција...

Европа20 часа

Шефот на институтот „Роберт Кох“: Пандемијата ќе ја ставиме под контрола до крајот на годината

Германија ќе воспостави контрола над пандемијата на коронавирус до крајот на годината, но нов, позаразен вид на ковид може да...

Македонија20 часа

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Од следниот четврток, 21 јануари, угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот, а Комисијата за заразни болести размислува да...

Свет21 час

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè...

Топ21 час

Дете загина откако во него удрил автомобил во Тетово

Дете загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладнето на ул. Видое Смилевски-Бато во Тетово. До несреќата дошло...

Свет23 часа

(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

Во Брисел за време на протестите поради смртта на младо момче од африканско потекло, кој починал во притвор, избија немири...

Свет23 часа

СЗО свика итен состанок

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состанува денескa, две недели пред редовниот состанок, за да разговара за...

Свет24 часа

Тим за вакцинација донел коронавирус во старски дом во Германија

Најмалку 51 од вкупно 58 лица се заразиле со коронавирус во дом за стари лица во Лихтфелс, Германија. Според управителот...

Свет1 ден

Директорот на „Модерна“: Светот ќе мора да живее со Ковид-19 засекогаш

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел, изјави дека коронавирусот ќе биде присутен засекогаш. Многу водечки здравствени експерти сметаат дека...

Свет1 ден

На секој час по 50 луѓе завршуваат во болница поради невремето во Шпанија

На секој час 50 лица завршуваат во болница во Мадрид поради скршеница или нагмечување, регистрирала градската здравствена служба. Мадрид е...

Свет1 ден

Експертите на СЗО влегоа во Вухан

Тим експерти од Светската здравствена организација денеска влегоа во Вухан, од каде започна да се шири коронавирусот. Целта на нивната...

Свет1 ден

Трамп се огласи: Не стојам зад нападот врз Конгресот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во своето последно обраќање до нацијата преку „Фокс њуз“ рече дека тој не стои зад нападот...

Регион2 дена

Во Петриња почна вакцинација против коронавирусот

Епидемиолозите во Хрватска почнаа со вакцинација на граѓаните во областа Петриња со вакцината на „Модерна“. Со оглед на тоа што...

Досие