Македонија
Кирацовски во посета на повеќе општини: ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во матрицата на Никола Груевски
Во рамки на посетите на општините низ Македонија, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во текот на вчерашниот ден беше со граѓаните на Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица, а во изминатите денови се сретна и со граѓаните Пробиштип и Свети Николе.

На отворената граѓанска трибина во Берово, Кирацовски рече дека СДСМ, како владејачка партија партија има огромна чест, но и обврска да работи за доброто на сите граѓани. Кирацовски додаде дека реалните показатели ја потврдуваат успешноста на економките политики на Владата предводена од СДСМ.

„Последна потврда е фактот дека во првите три месеци во Македонија се влезени 235 милиони евра странски инвестиции. Тоа е повеќе отколку за цела 2017 година и е рекордно најмногу инвестиции во првото тромесечие во последните 12 години. Тоа покажува дека економијата е раздвижена, а Македонија чекори напред. Повеќе инвестиции значат повеќе пари за граѓаните. Берово и беровчани најдобро знаат што значи пријателство со соседите и како тоа позитивно се одразува врз економијата“ рече Кирацовски.
На средбите со граѓаните од Делчево и Пехчево, Кирацовски изрази жалење што опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во матрицата на Никола Груевски, со кого граѓаните одамна расчистија.
„Не гледаме никаква разлика, Мицкоски го следи патот на Груевски. Некои сакаат земјава да се врати назад. Но, граѓаните избраа напредок. Македонија одлучно чекори напред кон економски раст, повисоки плати и просперитетна иднина како членка на ЕУ и НАТО каде што Македонија вредносно и цивилизациски припаѓа“ рече Кирацовски.
Генералниот секретар na СДСМ, придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, и денеска продолжува со средбите со граѓаните ширум Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

