Македонија
Коалицијата на Бачев и Кекеновски поднесе кривични пријави против членовите на ДИК

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, преку Јове Кекеновски како нејзин претставник, поднесе кривични пријави против претседателот на Државната изборна комисија, Oливер Дерковски, и другите членови на Комисијата, поради тоа што на гласачкото ливче, наместо официјалното поднесено и прифатено име на коалицијата, стоело името на политичката партија Единствена Македонија.
Од коалицијата сметаат дека со ова се направени кривични дела повреда и злоупотреба на избирачкото право, повреда на слободата на определувањето на избирачите и измама.
„Со наведувањето на името на само една политичка партија наместо на целата коалиција, избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа коалиција, која ја сочинуваат неколку субјекти (партијата Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, ‘Тврдокорнте’ и ‘Ветерните на ВМРО 1990’), со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите, како и измама на избирачите, сè со цел да не гласат за реален учесник на изборите“, објаснуваат од „Никогаш северна, само Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„СДС сака да ги спаси организаторите на прислушкувањето со лажни барања за декласификација“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС блефира и свесно бара нешто што е невозможно да се направи ако сакаме да постои правна постапка. Ваквиот однос само ги јакне сомнежите дека тие стојат зад нарачките за следење и прислушкување, бидејќи преку лажни обиди за „декласификација“ сакаат да ги спасат организаторите, пуштајќи ги доказите во јавност“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Декласификација на документи се врши исклучиво согласно закон, и тоа во судска постапка, по барање и одлука на надлежните органи.
Со оглед на тоа дека за сите информации поврзани со незаконското работење во АНБ е веќе известено Јавното обвинителство, понатамошното постапување останува во нивна надлежност. Прашањето за декласификација на документи може да биде дел само од постапките што се водат од страна на обвинителството и судот, а не од партиска нарачка на СДС.
СДС, со овој однос јасно потврдува дека се плаши, а кога Венко Филипче зборува за „инфантилност“, тоа е исто како доктор Менгеле да зборува за права на пациентите или барон Минхаузен за етика и држење до зборот.
Нема поголем комплимент за нас од тоа марионетата на струмичкото семејство да не етикетира со погрдни зборови. Човек кој одамна го продал својот морал за неколку песни на Харис Џиновиќ и две кружења со јахта, и кој е заробен меѓу амбиции, базични инстинкти и заеднички бизниси со семејството кое го има киднапирано СДС.
Со оглед на чувствителноста на темата, неопходно е да се почитуваат строго пропишаните процедури. Утврдувањето на одговорност и евентуално кривично гонење е во надлежност на обвинителствата и судовите, а не на СДС“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од нив нема ниту еден активен, под контрола се ставени пет, додека 13 пожари се изгаснати.
Под контролан се пожарите кај Општина Долнени, с.Долгаец – с.Стровија (нискостеблеста вегетација); Општина Гази Баба, Депонија Вардариште (ѓубре); Општина Гевгелија на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Македонски Брод, Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Липково, с.Никуштак (мешана шума), соопшти ЦУК во извештајот.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на Самитот на Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Женева, Швајцарија.
Во рамки на посетата, министерот ќе се обрати на Самитот на млади лидери, во организација на Светскиот економски форум, што се одржува во Женева.
Покрај обраќањето, министерот ќе го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Женева, а во пресрет на одбележувањето на Денот на независноста, ќе говори и на прием организиран за македонската дијаспора во овој дел на Швајцарија.
Предвидени се и билатерални средби со генералниот директор на Светската трговска организација, со заменикот висок комесар за човекови права, со директорот на Женевскиот центар за безбедносни политики, како и со специјалниот известувач за малцински прашања при Советот за човекови права на Обединетите нации.