Македонија
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска прими делегација на заедницата на Власите од нашата земја, претставена преку членови на политички партии, граѓански здруженија, на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На средбата во пресрет на претстојниот празник 23 Мај – Национален ден на Власите, претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, Никола Бабовски, информира за подготовките на централната манифестација, со која ќе се одбележи празникот на влашката заедница во нашата земја.
Честитајќи го празникот во свое име и во име на Владата, премиерот Ковачевски го истакна придонесот на влашкиот народ во севкупниот развој на нашата држава и ги поддржа активностите на заедницата на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.
Членовите на делегацијата на Власите го информираа премиерот Ковачевски за нивното активно учество во креирањето на стратегијата за едно општество и интеркултурализам, со концепт за програма за вклучување на изучувањето на влашкиот јазик и култура во одделни степени на образовниот систем, како и за нивните заложби да биде обновен Влашкиот етнофестивал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата, 27 април нема да се повтори

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право насилството не може да се оправда со ништо.
„ Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо.
Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции.
Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам – не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени. 27 април нема да се повтори”, порача Ковачевски на Фејсбук.
Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Поради планирани техннички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија, утре без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00- 14:00 часот корисниците на дел од ул. Рилски Конгрес, дел од ул Кратовска, дел од ул. Банско. (општина Кисела Вода)
– од 08:00 – 12:00 часот корисниците од ул. 1550, индустриска зона Визбегово, поточно фирмите Астекс Графика, Виа Шпед и Инфосет. (општина Бутел)
– од 08:00- 15:00 часот корисниците на ул. 1515, Пинтија. (општина Кисела Вода)
– од 08:00- 14:00 часот дел од корисниците од с. Ново Село позади бензинската Петрол Оил.(општина Ѓорче Петров)
– од 05:50- 14:00 часот корисниците од сите помали фирми и објекти во околината на Сатра, ул. 6, Сава станица, Фарма Трејд, Ники Инвест, Ман Импортер, ул. 4, Илинден, ул. 2.(општина Илинден)
– од 09:00- 15:00 часот дел од корисниците дел од с. Кучково.(општина Ѓорче Петров)
– од 09:30- 14:30 часот дел од корисниците од ул. Будимпештанска.(општина Карпош)
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар, наместа со услови за појава на невреме.
Утринските температури ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринската температура ќе биде до 19-от степен, додека дневната ќе достигне до 33 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска на повеќе места ќе има нестабилно време, а во северните делови ќе има пад на температурата за околу три степени.
Во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран во петок и во сабота ќе биде нестабилно, со обилни врнежи од дожд на повеќе места и значителен пад на температурата.