Македонија
Ковачевски: Колку е значајно членството во НАТО за нашата безбедност гледаме сега во време на конфликти
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, денес во изјава за медиуми ја посочи важноста на носењето тешки во однос на влегувањето во НАТО чија придобивка може да се види денес додека низ светот земаат замав воени конфликти.
-Колку е значајно што донесовме тешки одлуки во однос на влегувањето во НАТО се гледа токму денес во време кога на сите страни во светот беснеат воени конфликти. Не е само војната во Украина, туку и конфликтот во појасот Газа, вие гледате дека во текот на вчерашниот и денешниот ден има вооружен напад на Иран врз Израел. Тоа е да кажеме географски далеку од нас, но сепак земја која е дел од најголемиот одбранбен воено безбедносен сојуз во светот НАТО не смее да се грижи и не треба да се грижи за својата безбедност и сигурност на граѓаните. Тоа е овозможено од СДСМ, од коалиционите парнртери, и секако од одлуките кои ги донесовме – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска по разговор со граѓаните на Водно и активностите на промотивниот штанд за претседателскиот кандидат Пендаровски.
-Така и ќе продолжиме ние сме гаранти за таа сигурност, безбедност и за јасна визија на државата. Ние нудиме јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ, наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да тоа го направат. – рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

