Македонија
Ковачевски: Нови потенцијали за соработка со Ватикан во области од заемен интерес
Во рамките на посетата на Светата столица, како дел од програмата за одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше средба со државниот секретар на Светата столица, Пјетро Паролин, и со секретарот за односи со државите, Пол Ричард Галагер.
На средбата беше истакнато дека дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Ватикан од воспоставувањето на дипломатските односи бележат континуиран развој со високо ниво на меѓусебна доверба, разбирање и пријателство.
Круна на силната динамика на заемните пријателски односи, беше речено на средбата, беше монументалната посета на папата Франциско на Република Северна Македонија во мај 2019 година, настан од исклучително значење не само за унапредување на билатералните односи туку и за регионот.
Соговорниците на состанокот истакнаа дека духовните врски преку цивилизациското наследство на Мајка Тереза и светите Кирил и Методиј се преточуваат и во пријателски политички односи со Ватикан, кои во последните години се потврдени и преку зголемената динамика на билатералните средби на највисоко ниво.
На средбата стана збор и за подготовките на двете страни за потпишување договор, односно конкордат меѓу Северна Македонија и Светата столица за регулирање на статусот на Католичката црква во нашата земја, со што ќе се отворат нови потенцијали за соработка во повеќе области од заемен интерес.
Чествувањето на светите Кирил и Методиј во текот на денот продолжи со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика „Санта Марија Маџоре“. Програмата по повод чествувањето на светите браќа Кирил Методиј попладнето продолжува со концерт на светски познатиот тенор Благој Нацоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

