Македонија
Ковачев по изјавата на Пендаровски: Нивото продолжува да ви паѓа
„Нивото продолжува да ви паѓа“, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на негирање на македонскиот народ и јазик, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков.
„Браво за Пендаровски! Конечно разбравме што се случи: Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Парличев и сите други преродбеници и револуционери се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеа упатствата на Тодор Живков“, се вели во реакцијата на Ковачев, пренесе БГНЕС.
Пендаровски во изјавата посочи дека Живков е основоположник на позициите дека не постои македонски народ и македонски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.

