Македонија
Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ има план и визија, пензионерите ќе добијат по 5.000 денари линеарно покачување, 800 милиони евра ќе се вложат во земјоделието, граѓаните масовно да излезат на избори
Како што нашиот градоначалник во Свети Николе две и пол години гради, така ќе работи идната централна власт, односно владата на ВМРО-ДПМНЕ. Овде се гради со визија, со стратегија со план и тоа граѓаните го чувствуваат. Денеска ќе оствариме средба и со пензионерите и со земјоделците, да ги видиме категориите на граѓани кои беа отфрлени од СДС, рече денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
-Тука сме да ги понудиме нашите проекти, да кажеме дека по 5.000 денари линеарно ќе ја зголемиме пензијата на сите пензионери и да кажеме дека 800 милиони евра ќе вложиме во земјоделието. Тука сме да кажеме дека е дојдено времето за промени, тука сме да потврдиме дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде идниот претседател на Република Македонија, рече Ковачки.
Тој ги замоли и повика сите граѓани на 24 април да излезат и масовно да се приклучат на промените и да го дадат својот глас за горда Македонија, за твоја Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

