Контакт

Македонија

(Видео) Костадинов: Осумдесетте пратеници гласаа слободно и по сопствено убедување

Објавено пред

Собранието на вчерашното гласање за уставните измени донесе историска одлука, а Македонија избра светла иднина наместо изолација и темно минато, изјави пред новинарите пратеникот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов.

„Патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО е отворен, а најголема заслуга за тоа имаат граѓаните, но и 80-те пратеници во Собранието кои слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО. Историјата долго ќе го памети изборот што пратениците го направија вчера“, оцени Костадинов.

Пратеникот додаде дека овој чекор ќе ја определи иднината на нашата земја, граѓаните, но и генерациите кои доаѓат. Тој ги прозва актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски, како и партиското раководство, обвинувајќи ги дека уште еднаш ја потврдиле нивната анти-западна политика.

К.O.

Македонија

Потпишани три билатерални договори за меѓународна соработка со Казахстан

Објавено пред

Во функција на подобрување на односите и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан, Министерството за правда на Република Северна Македонија и Генералното обвинителство на Република Казахстан денеска во Министерството за правда потпишаа три билатерални договори за меѓународна соработка и помош.

Потписник на овие договори беше министерката за правда, Рената Дескоска и Генералниот обвинител на Република Казахстан, Гизат Нурдаулетов.

На средбата, министерката Дескоска истакна дека и претставува голема чест и задоволство да ги потпише билатералните договори од областа на меѓународната правна помош. Станува збор за три договори за соработка: Договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за екстрадиција; Договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за меѓусебна правна помош во кривичната материја, Договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за трансфер на осудени лица.

„Потпишувањето на овие договори е од големо значење за нашата држава и по нивното стапување во сила нема да биде оставен никаков простор за избегнување на правдата со искористување на правен вакуум помеѓу двете држави. Со потпишувањето на овие три договори затворивме уште една рута од патот кој Репубика Северна Македонија го оди во борбата против криминалот и отворивме врата за успешна соработка помеѓу двете држави“, истакна министерката Дескоска.

Од осамостојувањето, Република Северна Македонија со Република Казахстан немаше склучено билатерален договор, а со оглед дека Република Казахстан не е потписник на конвенциите од областа, помеѓу државите претходно не постоеше правен основ за постапување по предметите за Екстрадиција, трансфер и меѓусебна правна помош.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Хелсиншкиот комитет ги објави податоците за дискриминација за 2018 година

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет го објави годишниот информатор за дискриминација за 2018 година. Според добиените податоци како најчести основи за кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се: пол и род, сексуална ориентација, етничка припадност. попреченост и религија.Најчести области во кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се: работните односи, пристапот до добра и услуги, здравство и образование.

Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот „Унапредување на човековите права“. Една од активностите во рамките на овој проект е подготовка на Годишен информатор за дискриминација за 2018 година кој ги претставува збирните податоци добиени од здруженијата на граѓани за регистрираните случаи на нееднаков третман, информациите од јавен карактер добиени од првостепените судови за бројот на судски постапки во делот на заштита од дискриминација, како и обработка на податоците од годишните извештаи за 2018 година на Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител во однос на регистрираните случаи, поведените постапки и донесените мислења за заштита од дискриминација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нови играчки за градинките во Бутел

Објавено пред

Детската градинка ,,11 Октомври” денес се опреми со нов крупен игровен дидактички материјал наменети за сите клонови на градинката,како и 140 нови креветчиња наменети за градинката во Бутел 1.

Pедагогијата изобилува со дидактички материјал со кој се стимулираат нозете од мали нозе да бидат активни и да се вклопат во средината.Во таа насока,општина Бутел презема сопствена иницијатива за подобрување на стандардот на образование,при што посебно се води грижа за децата од преучилишна возраст.Средствата наменети за набавка на оваа опрема се обезбедени од Буџетот на Општина Бутел.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ2 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ3 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија4 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија5 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија5 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет6 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија6 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа7 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија18 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија18 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион19 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија21 час

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија22 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија22 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија22 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 ден

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие