Македонија
(Видео) Коѕијас: Верувам во чесно, праведно и точно решение за двете страни
Лесното во политиката е да не правиш ништо. Министрите за надворешни работи, заедно со нивните влади и премиери имаат должност да наоѓаат решенија на проблемите. Мора да имаме соработка со целиот регион. Веруваме во чесни договори, од кои во иднина двете страни ќе имаат придобивки. Да нема некој што ќе изгуби, а некој што ќе добие. Да има еден компромис, истакна грчкиот министер за надворшени работи, Никос Коѕијас, на денешната заедничка прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
За шефот на грчката дипломатија уставните промени се природни и, како што рече, грчкиот устав претрпел многу промени досега, дека се менува менталитетот и ставовите. Како што истакна, мора да се издвојат приоритетите на двете страни.
„Не може едната страна да прифати сè што ќе предложи другата страна. Постојат компромиси, не можеш да наметнеш на никого како да се однесува“, посочи Коѕијас.
Коѕијас нагласи дека во процесот секој треба да го добие тоа што е главно за него и да го даде тоа што е главно за другата страна. Тој исто така нагласи дека двата нацрт-договори служат како помош за двете земји, но и за медијаторот Нимиц, кој од двата ќе направи еден нацрт-предлог и ќе го достави до Генералното собрание на ЕУ, а на кој ќе стои дека проблемот е надминат.
„Верувам во нашата заедничка иднина, во нашата соработка за доброто на нашите граѓани и целата територија. Верувам дека можеме да ги решиме проблемите што не ги создадовме ние со колегата Никола. Но, ќе ги подобриме односите на нашите народи. Стабилноста и безбедноста во регионот се важни. Верувам дека политичките пречки ќе се надминат и ќе донесат до развој на целиот регион“, рече Коѕијас.
За Димитров одржливо решение е, како што рече, тоа решение кое ќе биде прифатено од двете страни.
„Иако сме на различни страни и гледања, истовремено сме на иста страна за иднината на двете земји. Натпревар меѓу иднината и минатото. Ќе биде многу важно силите кои сакаат да ја обезбедат иднината да го земат предвид и минатото зашто тоа не можеме да го смениме или избришеме“, рече Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

