Македонија
Крива Паланка, Аеродром и Делчево се трите општини со најголема отвореност на буџетирањето
Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ го презентираа индексот на отвореност на општините за 2024 година. Од оваа година индексот вклучува и компонента за мерење на нивото на антикорупција на локално ниво. Индексот за отвореност на општините се мери 5-та година по ред.
Во 2024 година најотворени во однос на буџетирањето биле општините Крива Паланка, Аеродром и Делчево кои на индексот се највисоко рангирани. Сепак, велат од ЗМАИ, општините можат направат повеќе во однос на механизмите за антикорупција.
Според мерењето за нивото на антикорупција само 4 општини имаат задоволителен резултат.
На национално ниво индексот бележи минимален пораст во однос на оној за 2023-та година од 0,3 поени.
Настанот на тема: „Зајакнување на локалните антикорупциски мерки преку инклузивно и транспарентно буџетирање“, под мотото „Со вклучени граѓани до подобри општини“, е поддржан од СЕЛДИ – Регионалната мрежа за антикорупција, по што ќе следи модерирана дискусија и сесија за прашања.
Виктор Митевски од ЗМАИ верува дека е важно да се создадат услови каде мерењата на експертските организации ќе станат основа во финансирањето на проектите на локално ниво од страна на Централната власт и меѓународните партнери.
„Сведоци сме дека голем број граѓански организации ги мерат општинските процеси од различен аспект, а истовремено гледаме дека тие мерења влијаат на подобрување на состојбите. Веруваме дека е време да ги здружиме силите и заеднички да направиме еден унифициран индекс кој потоа ќе може да биде системски користен и од институциите и од сите донатори кои работат со општините. Иако прв пат го мериме нивото на мерките за антикорупција добро е дека немаме недоволен резултат кај ниту една од општините. Сепак, постои огромен простор за подобрување, особено кај јавните набавки, каде конкуренцијата е многу мала и утврдивме чести набавки со 1 понудувач“, изјави извршниот директор на ЗМАИ.
Митевски додава дека, честите промени на годишните планови за јавни набавки и нивната ниска реализација во дел од општините, отвораат сомнежи за можни злоупотреби. Затоа, рече тој, треба да создадеме систем во кој менаџерската одговорност ќе биде алатка со која граѓаните ќе можат да бараат одговорност и отчетност од општините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

