Контакт

Македонија

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

Објавено пред

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство во Скопје ќе поднесе кривична пријава против 38- годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради споделена објава-коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти полицијата.

Од МВР додаваат дека по претходно издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 21 октомври годинава извршен е претрес на дом и други простории кај лицето А.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата, а А.Н. е повикан на службен разговор во полициска станица.

Од полицијата додаваат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи, а до грашаните упатија апел доколку се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Усвоена новата стратегија за одбрана

Објавено пред

На денешната 154. редовна седница Владата ја разгледа и усвои информацијата со нацрт-стратегијата за одбрана и го задолжи Министерството за одбрана во рок од 7 дена од усвојувањето на информацијата да ја достави до претседателот на Република Северна Македонија за нејзино донесување.

Тековната стратегија за одбрана е донесена во 2010 година, а како резултат на безбедносната динамика, современите безбедносни закани и предизвици, но и како резултат на променетиот статус на Република Северна Македонија во меѓународни рамки, Министерството за одбрана изготви нацрт на нова стратегија за одбрана.

Новата стратегија ги идентификува одликите на современото безбедносно опкружување, дава насоки за понатамошен развој на одбранбените капацитети и способности на системот за одбрана на Република Северна Македонија, како и насоки за синхронизирање и унапредување на одбранбеното планирање, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Објавено пред

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“.

Со пожарот е зафатена густа борова шума која се протега веднаш над манастирот, а покрај екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп, на терен излегоа стотина вработени во јавните претпријатија, како и поголем број на доброволци.

Бидејќи огнот се шири со голема брзина, на помош пристигнаа и авионите за гаснежење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Меѓу првите кои пристигнаа на местото каде избувна пожарот беа градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

„За брзо време пристигна возило на ТППЕ кое беше поставено во дворот на манастирот ‘Св.Димитрија’, затоа што пожарот веќе беше стигнат на педесетина метри од манастирот. Од Дирекцијата за заштита и спасување веднаш побаравме воздушна поддршка за гаснење на пожарот, стапивме во контакт и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Ни беше одговорено дека авионите веднаш ќе бидат испратени и, како што видовте, тие пристигнаа и заедно со пожарникарите, стотината вработени во јавните претпријатија и доброволци, се вклучија во гаснење на пожарот“, изјави градоначалникот Јованоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Костадинов: Неприфатливо е осомничени да ја разгледуваат работата на СЈО

Објавено пред

„Ставот на СДСМ и програмска определба на СДСМ е една изборна единица и отворени листи. Знаете дека мораме да разговараме, дискутираме и да дебатираме и со меѓународни експерти, но и овде во рамките на Собранието со сите колеги пратеници во однос на таа иницијатива, тоа е нивно демократско право можат да ја поднесат, секако за волја на вистината уште ја немаме видено иницијативата, секако ќе оставиме можност во рамки на пратеничката група, во рамки на Собранието да ги разгледаме сите позитивни и негативни страни од таквиот модел и секако конечно со консензус да донесеме одлука затоа што знаете во однос на изборниот законик потребен е консензус во Собранието”, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ во врска со новинарското прашање за иницијативата од група пратеници за измени во изборникот модел, дали ќе ги прифатат како партија нивните барања и каков е ставот на СДСМ околу измените на изборниот модел дали е прифатливо да има една изборна единица.

Во однос на работните групи за промена на изборниот модел, тој вели дека во последниот период фокус беше ставен на законот за Јавното обвинителство, но верува дека во најскоро време ќе почнат и работните групи коишто ќе треба да дискутираат на темата на изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ денеска информираше дека ќе покрене иницијатива за формирање активна комисија за незаконско, нестручно и несовесно работење на СЈО, како основа на разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева во саботата. На прашањето дали СДСМ ќе даде поддршка за формирање на таква комисија, Костадинов вели: ,,Антонио Милошоски, човек осомничен во предмет на СЈО, сака да ја разгледува работата на СЈО. Лично за мене, е сосема неприфатливо. Очигледна е паниката во ВМРО-ДПМНЕ и продолжуваат во обидот да си ги амнестираат криминалот и криминалците во нивните редови. Едно нешто можам со сигурност да им порачам, дека како што не успеаја да ги спречат предметите на СЈО да пропаднат, исто така нема да успеат да се спасат од одговорност. Нашиот став е сосема јасен, одговорност за секој којшто се огрешил пред законот, без разлика на неговата партиска, политичка, етничка определба, одговорност мора да има и одговорност ќе има. Тоа важи и за раководството и на ВМРО-ДПМНЕ и сегашното и претходното, но и за нивните тајкуни коишто се појавија за време на нивното 11-годишно владеење”.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија2 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија4 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија4 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија5 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија8 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет9 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет9 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет9 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија9 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија10 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет21 час

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет22 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија24 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Досие