Македонија
Кривична пријава и суспензија за советникот на Чулев, кој нападна началник
Зоран Ѓорѓиевски, советник во кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, е суспендиран и против него е поднесена кривична пријава за насилство поради нападот на началникот на Единицицата за безбедност во сообраќајот во СВР Тетово, Зоран Талев, на денот на изборите.
Дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска, наведе дека против државниот советник поведена е постапка за утврдување дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР.
„Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ги заврши потребните проверки за настанот во Тетово, кој се случи на 15.7.2020 година, при што констатира дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство и малтретирање при вршење служба за што против него до ОЈО ГОКК – Одделението за гонење на сторите на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесена е кривична пријава“, информира Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

