Македонија
Кузеска: Позитивен сигнал е најавата на Мицкоски дека се откажува од бојкот на пописот
„Пописот на населението којшто ќе се одржи напролет, ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци, кои се основа за градење на стратегии и политики и за натамошен развој на државата, економијата и општеството.По речиси две децении без попис, во државата има недостиг од квалитетни статистички податоци, не само за вкупниот број на населението, туку и за точниот бројот на жители во секој регион, општина, како и за нивните карактеристики.Со пописот како независна статистичка операција ќе се соберат релевантни географски, демографски, економски, образовни, етничко-културолошки, миграциони и други суштински податоци“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Според неа, преку пописот ќе добиеме целосни и детални информации во однос на тоа каква е образованата структура на населението, просечната возраст на граѓаните, населеноста на регионите и општините. Ќе добиеме јасна престава за структурата на постоечките индустриски капацитети, но и податоци за потенцијалите за иден развој на општините.
„Државниот завод за статистика ги има сите капацитети и е подготвен да одржи попис согласно стандардите и праксите на Обединетите Нации и Евростат. Истовремено, законското решение гарантира дека пописот ќе се спроведе исклучиво како статистичка операција која никогаш повеќе нема да се третира како политичко прашање. Затоа, позитивен сигнал е најавата на Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година.Очекуваме разумот да преовладее кај сите и по цели 19 години Република Северна Македонија да спроведе попис без мешање на политиката, согласно меѓународните стандарди. Секоја политичка партија, секој граѓанин поединец, има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите со кои институциите добиваат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, а тоа е возможно само со спроведен попис по сите меѓународни стандарди“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

