Македонија
Во Охрид со секира повредено куче, се нуди награда за да се фатат сторителите
Нов случај на изживување врз куче предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Изутринава граѓани пријавиле дека виделе куче, повредено со секира, како лута по улиците на Охрид. Повреденото животно напладне било фатено од хумани граѓани и однесено во ветеринарна амбуланта, каде што ќе му биде извршена операција. Тие најавуваат пријава, но нудат и награда да се најдат оние што го нападнале кучето.
Климент Арнаудов, активист за заштита на животните, на „Фејсбук“ објави дека нуди награда од 200 евра за секој што има информација, која ќе го доведе до откривање на личноста што со секира му ја расцепи главата на куче во Охрид.
„Ова е втор случај на удар со секира во рок од една недела – за првиот во Скопје уште изостануваат истрага и евентуално осомничено лице и тоа само кажува дека злото од овој вид се толерира и поттикнува од државата и не е далеку денот кога и за уште еден ваков случај ќе посведочиме (да не зборувам за двата случаја во скопско Драчево на сечени мачиња на половина). Воедно, замолувам за доверлива информација (случајот ќе го пријавам лично, па нема да ве изложам на ризик ако се плашите) доколку знаете кој му го сторил ова и би одел до крај за овој монструозен лик да не помине само со глоба, но и да оди во затвор (Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон тоа и го налагаат). Не е далеку и денот кога таа секира и кон човек ќе ја насочи, психата човечка е таква“, напиша Арнаудов на „Фејсбук“. Тој додава дека ќе биде поднесена пријава против непознат сторител и нуди награда од 200 евра за секаква информација за сторителот на оваа монструозност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

