Македонија
Ламбе Алабаковски на слобода, одземен му е пасошот

Нема продолжување на притворот за пејачот Ламбе Алабаковски, кој се сомничи за подметнувањето на пожарот во бугарскиот Културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Неговиот адвокат, Дарко Стефановски, информираше дека на пејачот му е одземен пасошот како мерка на претпазливост.
Претходно, на Алабаковски му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и на САД. Потоа, Алабаковски беше префрлен во куќен притвор.
Тој се гони за предизвикување општа опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време со температури до 36 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=9
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.
Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Македонија
Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја

Власта да престане со преговори за македонскиот идентитет, јазик историја, да се вратат од Софија и да кажат дека преговори ќе продолжат само кога ќе има услови да се сочува нашето достоинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.
Мицкоски истакна дека очекува од власта веднаш да престане да ги распродава македонските државни и национални интереси.
– Јас очекувам да престанат да ги распродаваат македонскиот идентитет, култура, наследство, историја, тоа очекувам од овие ако можам така да ги наречам македонски официјални лица, тоа очекувам. Веднаш да престанат, да се вратат од Софија и да кажат дека работата не бива, престануваме во овој момент, кога ќе се создадат услови тогаш ќе продолжиме, во овој момент очигледно не постојат услови со кои што можеме да го сочуваме нашето достоинство. Ете тоа очекувам, потенцираше Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да се види вчера во комисијата за европски прашања. Мислам дека главната цел е да направат дефокус од реалните теми, а тоа е тешкиот живот, инфлацијата, предавството кое што го прават на дневна основа, преговараат позади очите на јавноста, преговараат двајца луѓе блиски на Бујар Османи, едната дури од Брисел долетана до Софија, а другиот од неговиот кабинет. Преговараат за македонскиот идентитет, јазик, македонската историја, култура, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при вечерашната посета на Општина Ѓорче Петров за вчерашниот настан во Собранието.
Мицкоски посочи дека ова е исто така и дефокус од тоа што следи, одлуката на РКЕ за новата цена за електрична енергија, дефокус тешкиот живот и од власта не најдоа друг начин и се обидоа со дивјаштво да го направат.
„ Ги жалам тие луѓе на кои овој човек ќе им биде педагог и е ги образува да бидат утре академски граѓани. Наместо денеска да излезе и да се извини и да побара прошка од јавноста, го гледаме оправдувања, изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека уште потрагично е што нивниот колиционен партнер СДСМ извади пратеници кои од 2020 досега немаат ниту една дискусија, но затоа вчера имаа статуси на социјалните мрежи како овој бил најдобар претседател на комисијата за европски прашања.
„ Катастрофална ситуација, но ќе се бориме, нема да се откажеме, одиме до целта до победа. Знаат дека им доаѓа крајот и во паника прават вакви дивјачки работи. Логично е да понесат одговорност но како се однесуваат СДСМ и ДУИ не очекувам дека ништо ќе се случи, но ќе дојде денот кога ќе има одговорност. Институциите ќе ги преземат луѓе кои се демократски расположени, кои веруваат во европски вредности и нема да има вакви дивјачки чинови, рече Мицкоски.