Македонија
Левица поднесе 101 тужба против ДИК: Секој наш приговор бил одбиен за помалку од три секунди
Правниот тим на Левица до архивата на Управниот суд утрово поднесе 101 тужба против ДИК за изборни нерегуларности, преку кои, како што смеатaат од партијата, украдени им се тројца пратеници.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека образложенијата на побиваните решенија на ДИК се изработени на ‘темплејт’, т.е. однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај, што е недозволиво за една државна институција. Истите се штури и банални и изобилуваат со цитирање неповрзани членови од Изборниот законик, без воопшто да се впушти во материјално расправање за она што беше предочено во приговорите“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека просечното време на решавање на ДИК по секој приговор е три секунди.
Од Левица велат дека очигледен е фактот оти членовите на ДИК не направиле ни елементарен обид за да може да одлучуваат по наводите изнесени во поднесените приговори.
„Не е направен, ниту е дозволен никаков увид во изборниот материјал од критичните избирачки места, што е пречекорување на дискреционите овластвуања на ДИК и одбивање да постапат по службена должност во согласност со нивните надлежности“, истакнуваат од партијата.
Од таму очекуваат дека Управниот суд ќе ги усвои тужбите и ќе го поништи гласањето во оспорените гласачки места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

