Македонија
Левицата: Правда за Mемет Kамбер, одговорност мора да има
Портпаролот на Левицата, Амар Мециновиќ, повика на одговорност за Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“, кој почина на неполни 20 години без можноста за редвни здравствени прегледи.
Од партијата ги прашуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика, Тренчевска, и министерот за внатрешни работи, Спасовски, кој им издаде 200 пасоши на белосветски криминалци, но не успеа да му издаде лична карта на Мемет Камбер, да одговорат кој ќе сноси одговорност за оваа неизмерна трагедија.
Мециновиќ рече дека иако одамна вброен како решен, проблемот со неевидентираните лица и оние без живеалиште во реалноста и понатаму очигледно дека постои. Уште од 2015 година законските измени се одложуваат, што, според Левицата, покажува дека „претставниците на олигархијата во македонското Собрание демонстрираат вџашувачка незаинтересираност за животите на обичните луѓе“.
Партијата инсистира на итно законско решение.
„Со длабоко разочарување продолжуваме да сведочиме за постојаното згаснување невини животи под будното око на нелегитимната Влада – сочинета од лажни социјалдемократи. Реалноста за тоа како неевидентираните фантомски деца умираат во нечовечки услови е изразен потсетник за бесчувствителноста и немарноста на кои системот ги потчинува најранливите. Затоа бараме правда за Мемет Камбер и за Тони Сали“, рече Мециновиќ.
Мемет немал можност да прави здравствени прегледи, немал здравствена книшка, која ќе значи редовни прегледи. Задоцнетата документација за идентитет, личната карта, ги ставила на почек сите потреби, услуги, замисли за поинаков живот на еден млад човек, објави списанието „Лице в лице“ по смртта на нивниот продавач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

