Македонија
Левицата: Шаќири најави одговорност ако во септември нема учебници, бараме оставка
„Цел месец по почетокот на наставната година, голем број ученици сè уште немаат добиено учебници. Токму најлошиот министер за образование – Јетон Шаќири минатата година изјави дека ако во септември нема учебници, самиот ќе понесе одговорност!“, велат од Левицата.
„За заштитените функционери од ДУИ не важат никакви ветувања, кои се докажаа како најнеспособна гарнитура за менаџирање со било кое министерство. Дополнително, се огласи и Националната комисија, која соопшти дека не е ниту целосно оформена, односно дека во моментот истата брои 17 член – место 21 член, колку што е предвидено со закон за нејзино нормално функционирање.
Минатата година, наставата скандалозно почна без учебници и се одвиваше без учебници до мај. Колку учебни години и колку генерации уништени од неспособноста на Шаќири се потребни за тој конечно да научи да управува со ресорот во кој министерува?!
Уште колку семејства треба да се иселат за да им овозможат пристап до квалитетно образование на своите деца – додека барем еден функционер од ДУИ си поднесе оставка?! Истите партии што тврдат дека ќе ја внесат државата во ЕУ не се способни ниту учебници да обезбедат“, соопшти Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

