Македонија
Лефков: Наќе Георгиев, близок до Заев, призна поткуп, зел пари за да ублажи казна
Правдата доаѓа. Потврден е поткуп во случајот со Врховниот судија и поранешен член на судскиот совет Наќе Георгиев од Струмица, близок човек на Зоран Заев, менторот на Венко Филипче, изјави пратеникот од ВМРП-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Наќе Георгиев преку спогодба со Јавен обвинител признал дека направил криминал. Георгиев признал дека земал поткуп од 10.000 евра за да издејствува поблага затворска казна за Боро Марлборо.
Признание дека Наќе Георгиев ги земал парите како награда за поблагата казна изречена на Боро Марлборо, покрај самиот тој, дал и Иџет Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители. Тие заедно како што кажал Мемети помогнале Боро Марлборо да добие поблага казна.
Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример за корумпираното судство и обвинителство на СДС и ДУИ.
Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто судството и обвинителството имаат 2% доверба кај народот.
Наќе Георгиев е човек од најголема доверба на Заев и Филипче. Тој експресно напредува со власта на СДС, и од судија станува судија во Врховниот суд и член на Судскиот совет.
Корумпираниот Георгиев со години одлучувал и делел правда, бирал судии, унапредувал или казнувал.
Какви кадри извадил Наќе Георгиев, но и колку пресуди ублажил или спречил со земање мито? Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев?
Последиците кои СДС ги остави се трајни, но одговорност за сите ќе има“, рече Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

