Македонија
Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките, затоа што секое дете е важно
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, вработените во детската градинка, жителите на ова населено место, присуствуваше на свеченото отворање на доградбата на Јавната установа „Гоце Делчев“ во општина Илинден. Проширувањето на капацитетот на градинката значи и влез на нови 24 деца од оваа општина.
Во своето обраќање пред присутните министерот Лимани го истакна значењето на вложувањето во раниот детски развој како приоритет на оваа Влада.

„Во соработка со општините, кои најдобро ги знаат потребите на граѓаните, продолжуваме да инвестираме во изградба на објекти и содржини што ќе им овозможат на децата да растат, учат и да се развиваат на најдобар можен начин. Посветено ќе работиме и на намалување на листите на чекање затоа што секое дете е важно и секое дете треба да е вклучено во воспитно-образовниот процес. Затоа што раниот развој на децата е клучен за обликување на нивните идни способности, вештини и здравје“, посочи Лимани.
Покрај значењето на градбите тие да бидат дизајнирани така што ќе обезбедат безбедност и ќе го поттикнуваат развојот на децата, Лимани ја истакна и важноста на стручните лица што работат со деца и вложувањето во зајакнување на нивните компетенции.
„Нека нашата посветеност биде инспирација за сите нас да продолжиме со оваа важна работа. Среќно нека е!“, порача Лимани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 124 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

