Македонија
Лични карти може да се подигнат и на денот на гласањето
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигање лични карти.
Службата ќе работи во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните, кои претходно поднеле барање, да си ги подигнат личните карти и да може да го остварат правото на глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од ПОЦ.
Македонија
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10:00 до 16:00 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, извести АМСМ.
Како што претходно соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Македонија
18.318 сообраќајни прекршоци месецов, лишени од слобода 123 лица за безобѕирно управување возило
Во периодот од 01.12.2025-28.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, три за возење во забранет правец.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец декември евидентирани се 5.018 прекршоци за неправилно паркирање, 1.843 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 679 санкции за возење под дејство на алкохол“, соопшти МВР.
„Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 18 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 415 пешаци. Исто така санкционирани се 1.046 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 322 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 172 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 101 возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се додава во соопштението на МВР.

