Контакт

Македонија

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

Објавено пред

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на западнонилска треска, извести Институтот за јавно здравје.

Според податоците на ИЈЗ, тој е четврт случај годинава и е пријавен на 12 септември.

„Од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни болести беше информиран за случај со западнонилска треска преку добиена пријава за изолиран/докажан причинител доставена на 12.9.2024 година. Одделот за епидемиологија на заразни болести веднаш го информира надлежниот епидемиолог во ЦЈЗ Кочани. Регистрираниот случај е 78-годишно машко лице од општина Чешиново-Облешево, Кочани“, информираше ИЈЗ.

„Првичните симптоми кај пациентот почнале на 9.9.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 1009.2024 година со возило од ИМП – Кочани е пратен во КБ – Штип, каде што биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето западнонилска треска.

Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставувањето кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.9.2024 за време на хоспитализација при КИБФС“, соопшти ИЈЗ.

Најново

Култура3 минути

Самир Љума, кинематограферот на „Медена земја“, на светска премиера во Талин со филмот „Моето заробено срце“

„Моето заробено срце“ (MY ENSLAVED HEART), босанска драма што ја напиша и режираше Џан Харба, ќе има светска премиера на...

Забава7 минути

(Фото/Видео) Ирина Шајк покажа дека е најубавата жена во едноставен црн фустан

Ирина Шајк се појави во ненаметлив фустан со тенки ленти кој го привлече вниманието на светот, докажувајќи дека дури и...

Свет14 минути

Трамп најави можна средба со Путин и Ши: „Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела во Кина би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин...

Свет20 минути

(Видео) Пожар во повеќекатница во Кина: загинаа 14 луѓе

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна вчера во повеќекатна зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска...

Свет25 минути

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан: преживеал благодарение на „Ел Нињо“

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија....

Забава29 минути

(Фото/Видео) Во „море од голотија“, таа е вистинско освежување во светот на модата

Шведскиот модел Елса Хоск им се придружи на дамите со беспрекорен стил на еден голем настан во Лос Анџелес. Нејзината...

Спорт31 минута

Гоф „преживеа“ против Пегула, блескаво деби на Носкова

Коко Гоф и Линда Носкова го отворија Завршниот ВТА мастерс, во Индијан Велс со победи, откако славеа над Џесика Пегула...

Македонија38 минути

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски“, прашува СДСМ

„Во Србија има стечај за Алта банка, уапсен е сопственикот Мацура, има истрага, сомнителен капитал, сомнежи за 380 милиони евра....

Македонија41 минута

„СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот...