Македонија
Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во борбата против коронавирусот, соопшти Северноатлантскиот сојуз.
Македонија е една од трите земји членки од Западен Балкан што ќе добијат ваков вид помош.
„Во текот на октомври и ноември, сојузниците на НАТО, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, ќе добијат десетици респираторни машини и вкупно околу 1,5 милион евра медицински материјали од фондот за одговор на пандемијата. Toa следуваше откако трите земји побараа помош од Евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) “, се вели во соопштението, објавија подгорички „Вијести“.
На Албанија неодамна и беа доделени 60 респираторни машини кои се наоѓаат во Италија, а кои ќе бидат доставени наскоро.
НАТО формира резерви на медицинска опрема за да може да обезбеди итна поддршка на земјите членки или партнерски земји на кои им е потребна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.