Македонија
Македонија на врвот на листата на земји во кои луѓето не можат да си дозволат годишен одмор
Според истражувањето на Евростат, една третина од популацијата на Европската Унија (32,9 отсто) не можат да си дозволат годишен одмор во странство.
Гледано на ниво на цела Европа, Македонија и Србија, кои се опфатени со истражувањето на Евростат, се наоѓаат на врвот на листата. Повеќе од една третина од Македонците, односно 65,3 отсто не можат да си дозволат годишен одмор во траење од седум дена во странство, а во Србија процентот е 62, 8 отсто.
Најдобра е состојбата во Норвешка каде што само шест отсто од жителите не можат да си дозволат седумдневен годишен одмор во странство. Зад Норвешка се наоѓа Шведска со 8,2 осто, па Швајцарија со 8,9 отсо во 2016 година.
Од членките на ЕУ, најлоша е ситуацијата во Романија каде што две третини од населението не може да си дозволи седумдневен одмор во странство. Потоа следува Хрватска каде 61, 2 отсто од населението не може да си дозволи да отпатува една недела во странство.
Генерално, процентот на оние кои не можат да си дозволат еднонеделен одмор во странство во земјите во ЕУ е во пад. Ако во 2011 година просекот бил 38 отсто во 2016 е 32, 9 отсто.
Во Турција, според последните достапни податоци од 2015 година, дури 71,5 отсто од населението нема пари за седумдневен одмор во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на некои патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради пoјава на магла има кај Неготино до 70 метри и Демир Капија до 80 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, врз основа на добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска (Петок):
· Поради поврзување нова на веќе постоечка мрежа Ф-100мм на ул.Жил Верн бр.1, прекинато водоснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од ул.Жил Верн, Јордан Филиповски и Есенинова во Општина Кисела Вода.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец
По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во сабота претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а во повисоките места и на планините и од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.