Македонија
Македонија на шесто место во светот по смртни случаи од Ковид-19 на милион жители
Македонија е на шесто место во светот по бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирус на милион жители, според податоците на Светската здравствена организација.
Во светот, најголем број на смртни случаи од последиците од Ковид-19 на милион жители се регистрирани во Белгија, по која следат Сан Марино, Перу, Италија и Босна и Херцеговина (БиХ).
Во Белгија има 1.558 смртни случаи на милион жители, 1.532 во Сан Марино, 1.112 во Перу, 1.075 во Италија и 1.034 во БиХ.
Нашата земја е на шестото место со 1.031 смртни случаи на милион жители, а следат Шпанија 1.027, Андора 1.022, Словенија 990 и Велика Британија со 949 смртни случаи на милион жители.
Најмал број на смртни случаи од Ковид-19 на милион жители е регистриран во Австрија – 501.
Најголем број заболени со коронавирус на милион жители во светот се регистрирани во Андора, Луксембург и Црна Гора.
Во Андора се заболени 95.541 лице на милион жители, 66.935 во Луксембург и 66.665 во Црна Гора.
Според податоците на Светската здравствена организација, Сан Марино е на четвртото место со 58.401 заразен на милион жители, Француска Полинезија со 56.058 заразени и Чешка со 54.744 заразени на милион жители.
Следуваат Белгија, која има 52.565 случаи на милион жители, по што следат Бахреин со 52.461, Ерменија со 50.323, Катар со 48.982, Грузија со 48.857 и САД со 48.462 заразени на милион жители.
Најмал број на заразени на милион жители е регистриран во Кипар – 12.797.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

