Македонија
Македонски и бугарски научници: Постигнувањето согласност не треба да се одвива под притисок
Македонски и бугарски научници упатија заедничко писмо до премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, шефовите на дипломатиите на двете држави, Екатерина Захариева и Бујар Османи, и вицепремиерот за европски прашања на РСМ, Никола Димитров.
Потписници на писмото се Катерина Колозова (Скопје), Александар Везенков (Софија), Љупчо Петковски (Скопје), Стефан Дечев (Софија), Здравко Савески (Скопје), Чавдар Маринов (Софија), Димитар Бечев (Оксфорд).
Во продолжение целото писмо.
„Почитувани госпоѓи и господа,
Ние, претставници на хуманистичките и општествените науки од двете држави, се обраќаме до вас во овој важен момент, кога во влог е поставено пријателството и добрососедството меѓу нашите две земји и два народа. Се плашиме дека фокусирањето на процесот на преговори врз проблемите од минатото породува нереалистични очекувања и крие огромни ризици.
Проблемот е што целиот сегашен спор околу историските прашања произлегува од застарените и многу ограничени сфаќања за националниот идентитет како нешто вечно и неменливо, а за националната историја – како нешто свето. При така составената мешовита историска комисија исто така се произведува еден модел од минатото: претставниците на двете национални историографии ги бранат и се обидуваат да ги наложат утврдените интерпретации во својата сопствена земја.
Меѓутоа, современите хуманистички и општествени науки сите нации ги разгледуваат како конструирани, па дури и буквално „вештачки”, а националните истории – како интелектуални конструкти, како само еден од начините на кој може да се осмисли минатото. Исто така, загрижувачки е преку преговори меѓу две држави да се бара согласност за само една историска вистина. Современата историографија уште одамна го има прифатено постоењето на различни интерпретации, како резултат на различни перспективи. Ние живееме во плуралистички општества и работиме во академска средина, која го прифаќа плурализмот на интерпретациите (вклучително и на интерпретациите на минатото) како нешто нормално.
Поради сите тие причини се обраќаме до вас со повик за кооперативност околу актуелните проблеми, а што се однесува до споровите и разликите околу историските прашања доволно би било создавањето на атмосфера поотворена за дијалог. Досегашната работа на мешовитата историска комисија покажува дека е можно постигнувањето согласност дури и за најтешките прашања за нашите две земји, но тоа е долг процес и не треба да се поставуваат нереалистично кратки рокови. При тоа тој процес не треба да се одвива под притисок, којшто би ги дискредитирал постигнатите компромиси и согласности. Секој наратив за националното минато подлежи на преобмислување и преоценување, но тоа треба да се случува во слободни академски и општествени дискусии“, се наведува во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.
Македонија
Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош
Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со електрична енергија, објави БНТ. Според бугарските медиуми, по проверка на залихите било утврдено дека земјата располага со доволни количини за сопствените потреби и може да ѝ помогне на Македонија во услови на кризна состојба во енергетиката.
Како што пренесува БНТ, понудата била дадена по телефонски разговор меѓу бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев и македонскиот министер Тимчо Муцунски, при што било нагласено дека помошта е израз на добрососедство и солидарност, со цел обезбедување енергетска безбедност и стабилност во регионот.
Од македонската Влада, пак, за Дојче Веле изјавиле дека државата засега не планира да ја прифати понудената помош. Според Владата, Македонија во моментов располага со доволни сопствени капацитети и не се наоѓа во состојба во која би имало потреба од ваков тип надворешна поддршка.
Владата на редовна владина седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што информираа, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.
depositphotos

