Македонија
Македонски концепт: Со поддршка на бизнис-идеи и спорт без политика ќе ги задржиме младите во земјава
Партнерство со младите и Закон за забрана на политичкото влијание во спортот се првите проекти со кои ќе се бориме за Македонија да биде единствениот избор на младите за градење иднина во земјава, велат од политичката партија Македонски концепт.
„Потребно е да работиме на тоа претприемништвото кај младите биде врвна вредност, затоа што младите со тоа ѝ возвраќаат на државата преку создавање нова генерација. Младите не бараaт ништо повеќе и ништо посебно, туку само фер шанса и можност да бидат свои”, појасни Љупчо Божиновски, кандидат за пратеник на Македонски концепт во третата изборна единица.
Тој додаде дека со овој проект државата ќе инвестира во бизнис-идеи на млади до 35 години, а инвестицијата ќе си ја враќа преку заработка во бизнисот, без никакви камати.
Вториот проект кој го предвидува Македонски концепт насочен кон задржување на младите е „Политиката во втор план”.
„Проектот ‘Политиката во втор план’ започнува со Закон за забрана на политичкото влијание во спортот. Македонски концепт ќе се залага да се донесе овој закон затоа што треба да градиме култ на спортови, а не култ на политичари. Спортот треба да биде на пиедесталот на општеството. Спортистите треба да бидат славните јунаци на македонската нација, а не политичарите. Со овој закон ниту политичарите ќе може да се замешаат во спорот, ниту, пак, спортистите ќе може да бидат политички активни, сè до оној момент додека се професионални спортисти”, истакна Божиновски и додаде дека доколку во државата не живеат млади, доколку не егзистираат среќни и просперитетни семејства, доколку наталитетот не го победи морталитетот, тогаш сè е залудно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во неговото Министерството, а во која биле службеници од ДУИ кои биле отпуштени на 24 декември.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша Стоилковиќ.
ДУИ претходно обвини за дискриминација поради тоа што од Министерството биле отпуштени седуммина Албанци.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)

