Македонија
„Македонски манифест“: Иванов да почне правна процедура пред ООН за одбрана на името
Здружението „Македонски манифест“ испрати апел до претседателот Ѓорге Иванов да почне итна процедура за одбрана на името во Обединетите нации.
„Ви се обраќаме Вам, како на единствена институција, избрана со најголем број гласови на непосредни избори, која е уставно овластена за претставување на Македонија, а оттука на волјата на македонските граѓани во огромното мнозинство итно да почнете официјална правна процедура пред ООН за одбрана на името по пат на признавање на Република Македонија под нејзиното име, во согласност со принципите на ООН за самоопределување на народите и правото на себеодбрана како нивно неприкосновено право“, се вели во апелот до Иванов.
„Македонски манифест“ додава дека се врши идентитетски геноцид врз македонскиот народ како нов изблик на фашизам спроведен од власта и парламентот. Здружението смета дека на овој начин се гази волјата на народот изразена на референудмот на 30 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер: Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер.
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави, кои имаат потпишано спогодба за развојна соработка помеѓу владите на Република Северна Македонија и Република Словенија и имаат формирано заедничка мешовита комисија за билатерална соработка.
Вицепремиерот Меџити истакна дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој.
Амбасадорот Прескер ја потврди подготвеноста на Словенија да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ-интеграцијата и на имплементација на активностите со кои ќе се забрза зелениот развој на државата.
Меѓу другото, Меџити и Прескер разговараа и за тековните политички прашања.
Македонија
Муцунски до Столтенберг: Вашата значајна улога во турбулентните години го зајакна и модернизира НАТО
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамките на работната посета на Брисел се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој набргу ќе замине од оваа позиција. По тој повод, министерот му врачи на Столтенберг благодарница и плакета за извонредни достигнувања и придонес за евро-атлантската безбедност.
Изразвувајќи благодарност за неговото лидерство и водењето на организацијата, истовремено нагласувајќи ја важната поддршка за нашето членство во алијансата, министерот Муцунски го истакна значењето на личните напори на Столтенберг за зачувување на заедничките вредности и одржување на мирот и стабилноста во Западен Балкан, регион од стратешко значење за НАТО, известува МНР.
Воедно, тој ја потенцира и посветеноста кон политиката на отворени врати на алијансата како клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност.
„Вашата значајна улога во турбулентните години го зајакна и модернизира НАТО правејќи ја алијансата покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста во евро-атлантската област“, нагласи Муцунски на средбата.
Македонија
Трипуновски: МЗШВ и ФАО проблемот на повеќе од 2.000 земјоделци во Пелагонија го надминуваат со почнување активности за реализација на проектот
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше во рамките на работилницата на проектот поддржан од ФАО.
Министерот се заблагодари на сите присутни што се дел од овој настан кој го означува почетокот на иницијатива што е од големо значење за земјоделскиот развој во Пелагонија, кој е еден од најважните земјоделски региони во Македонија.
„Денеска заедно со претставниците од ФАО сме во општина Битола, на расправа каде што се поканети и земјоделците, настанот означува отпочнување на проектот за решавање на децениски проблем кој што го имаат преку 2.000 земјоделци од овој регион“, истакна министерот Трипуновски.
Тој додаде дека досега земјоделците не беа во можност да го користат земјиштето за земјоделско производство заради сосопственост со државата. Но, со овој проект би се овозможило негово максимално користење.
„Министерството и ФАО ќе ги спроведат потребните активности за забрзано решавање на овој проблем кој што за жал долги години стоел како отворена ситуација“, појасни министерот Трипуновски.