Македонија
Македонски научници на листата со најцитирани и највлијателни научници на светско ниво
Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со дел од македонските научници кои се на листата со најцитирани и највлијателни научници на светско ниво од сите области за 2020 година, публикувана од Универзитетот „Станфорд“ oд САД.
Помеѓу топ-2 отсто најцитирани и највлијателни научници на светско ниво од сите области се најдоа Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, Леонид Грчев, член на МАНУ, Валентин Мирчески од Институтот за хемија при ПМФ – Скопје, Рубин Гулабоски од Факултет за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Трајче Стафилов и Иван Грозданов од Институтот за хемија при ПМФ – Скопје.
На листата е и Ратко Јанев, член на МАНУ, кој почина минатата година.

Изборот е направен врз основа на опсежна анализа на релевантни индикатори, како објавени трудови, цитираност, h-index на цитираност, број на поминати години од првиот објавен труд на научниците, како и вкупен импакт во соодветното поле на истражување.
Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека на средбата со него научниците го информирале претседателот за своите научноистражувачки активности, како и за перспективите и потенцијалите на областите во кои секој од нив работи. На средбата се размениле мислења и за низата предизвици што значително го усложнуваат неопходниот развој на науката и истражувачката дејност во земјата.
„Упатувајќи честитки за импресивните достигнувања на нашите научници, претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од зајакнување на соработката меѓу државните институции, науката и бизнис-секторот, бидејќи развојот на секое општество е неминовно поврзан со инвестирањето во образованието. Во тој контекст ја нагласи неговата лична заложба за промовирање и поддршка на проекти чија цел е поттикнување на научната и истражувачката работа кај младите“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Крушево, измерени -8 степени
Утрово најстудено било во Kрушево кадешто се измерени -8 степени, -7 било во Битола, Прилеп, Mаврови Анови и Крива Паланка, -6 Тетово, Пожаране и Берово, -5 Претор, Охрид и Попова Шапка, -4 Виница, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Куманово, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, -1 во Штип, 3 во Гевгелија.
Времето денеска
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?
„Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, велат од СДСМ.
„Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода.
Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.
Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија?
За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?
Не проаѓаат измислени оправдувања, потребна е одговорност.
СДСМ ги повикува ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага за најновиот скандал што го откри АКТ.
Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер“, прашува СДСМ преку соопштение.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)

