Македонија
Македонски Телеком: Немаме 5G мрежа во употреба
Mакедонски Телеком реагира дека немаат 5G мрежа во употреба, по информациите објавени на социјалните мрежи дека тие ја активирале мрежата која има негативно влијание врз здравјето на граѓаните.
Од Македонски Телеком во соопштение велат дека без докази и факти преку споделување лажни вести и стари медиумски написи од 2018 и 2019 година во погрешен контекст, се креира невистинита и негативна кампања за 5G мрежата и се шири непотребна паника во услови кога треба да останеме смирени.
„Македонски Телеком најодговорно тврди дека нема 5G мрежа во употреба. Надлежните институции немаат спроведено ниту постапка за доделување фреквенции за 5G. Досега е направено прво демо во 2018 и вршени се тестирања за функционирање на оваа нова технологија само во лабораториски услови и на мал ограничен простор во 2019 година.Така што, неосновани се сите напади дека во моментот се вршат масовни тестирања низ државата. 5G е нов технолошки стандард на светско ниво и секоја држава одлучува за имплементација на 5G согласно претходнo стандардизирана научна методологија која операторите треба да ја следат, а надлежните институции да ја мониторираат“, велат од Телеком.
Додаваат дека како надлежна институција, АЕК редовно врши мерења за нејонизирачко зрачење. Во декември 2019, АЕК направила тестирања на пробната 5G инсталација, при што констатирала дека вкупното зрачење на ограничениот простор за 5G тестирање е далеку пониско од максимално дозволените граници.
„Како лидер во новите комуникациски технологии, нашата цел е да ги донесеме најновите технологии во корист на граѓаните и целото општество, но притоа да ги следиме сите безбедносни чекори во соработка со надлежните институции и државата. Во ситуација на пандемија во светки рамки, наш приоритет е да обезбедиме непречена комуникација преку постојната инфраструктура. Да не дозволиме лажните вести и напади да креираат паника меѓу граѓаните“, велат од Македонски Телеком.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

