Контакт

Македонија

Највисоката температура во текот на денот ќе достигне 7 Целзиусови степени

Објавено пред

Времето во државава утрово е умерено до значително облачно со магла во одделни котлини, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно, а во западните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе се движи во интервалот од 0 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје, магливо и тивко. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

 

 

 

Македонија

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.

Во текот на прес конференцијата на Министерот за здравство, Венко Филипче, Институтот за јавно здавје потврдил уште 2 позитивни пациенти.

Со новите податоци, вкупниот број на заразени се искачи на 259 лица.

Од новозаразените најмногу се од Штип каде има 6 пациенти, понатаму Скопје -3, Велес – 3, Струга- 2, Струмица- 1, Дебар- 1, Тетово – 1, Гевгелија- 1.

Според местото на живеење, досега најмногу случаи на коронавирус има во Скопје – 145, понатаму Дебар -46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп – 8, Велес – 6, Тетово – 5, Струга-5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 1.

На Клиниката за инфекнтивни болести во изминатите 24 часа починале двајца пациенти, со што бројот на починати достигна вкупно шест лица.

Најмладиот починат пациент е на 31-годишна возраст, а најстариот имал 91 година.

Досега целосно се излечени три лица.

(Обновено)

Прикажи повеќе...

Македонија

Мисајловски: Граѓаните да ни ги испраќаат проблемите за заеднички да доаѓаме до решенија

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со иницијатива „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија”.

Како што најави, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, станува збор за иницијатива со цел контакт со граѓаните, каде ќе може преку електронска пошта, која ќе биде официјално достапна да им бидат испратени проблеми, нивни мислења и нивни предлози.

„Сите иницијативни што ќе пристигнат внимателно ќе ги разгледаме, анализираме со комисиите и експертите и ќе понудиме решенија пред институциите со можност да бидат имплементирани“, рече Мисајловски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека постојат сериозни предизвици во однос на здравствената заштита, економијата и малото стопанство, но и сериозни проблеми во земјоделието и општините.

Повикот е отворена врата и подадена рака за сите кои имаат мислење, предлог или идеја која сакаат да се имплементира, рече Мисајловски.

„Сега е време да им помогнеме на вистинските херои кои секојдневно се на првата линија во борбата со вирусот. Да им одадеме сите почит на здравствените работници, докторите, полицијата, армијата, медиумските работници и новинарите, комуналните работници, администрацијата, продавачите и продавачките во маркетите и низ пазарите, земјоделците, транспортерите, фармацевтите и сите останати што макотрпно помагаат и работат. Ајде сите заедно да помогнеме со мерки и предлози и на угостителите, малите и средни претпријатија, културните работници, турустичките работници, занаетчиите, на невработените лица и на сите останати кои имаат потешкотии во својата работа и егзистенција. Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност. Тука сме да помогнеме. Не е време за пресметки, време е за работа и одлучност. Мора и владата да покаже зрелост. Од она што ќе го покаже наредните неколку недели, ќе зависи иднина што ќе ја обезбедиме. Ние сме со народот. Уште еднаш ќе повторам тука сме да помогнеме, затоа што ја сакаме Македонија и затоа што треба сите заедно да победиме“, додаде Мисајловски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Локвенец: Стратешките цели се реализираат-станавме членка на НАТО и преговараме за ЕУ

Објавено пред

Стратешките цели се реализираат. Станавме членка на НАТО и почнавме преговори за членство во ЕУ, изјави на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

Тој рече дека во време на глобално ниво се соочуваме со коронавирусот, успешните политики на СДСМ добиле конкретна потврда и овозможиле остварување на стратешките цели на државата.

„Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО. Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ. Ова е големо признание за сите заложби кои ги направивме како држава за релативно краток период, за само 2.5 години. Добивме признание за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции – Владата, Собранието, Судството да ги спроведат реформите поставени како наша цел уште во 2017 година. Иднината на нашата држава е обезбедена. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции“, рече Локвенец.

Тој додаде дека Република Северна Македонија продолжува храбро да чекори напред, кон напредок и просперитет за сите нејзини граѓани, а пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, за потоа уште позасилено да продолжи европската агенда.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот...

Македонија1 час

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија1 час

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфекнтивни болести почнале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија3 часа

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет4 часа

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет4 часа

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија16 часа

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа17 часа

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија20 часа

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија24 часа

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија24 часа

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет1 ден

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа1 ден

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија1 ден

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија1 ден

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија1 ден

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија1 ден

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија1 ден

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија1 ден

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија2 дена

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Досие