Македонија
Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле Богоевски за кого се обелодени аудиоснимка дека наводно нарачува психотропни супстанции, 66,4 проценти од анкетираните одговориле дека тој треба да даде оставка од функцијата.
Анкетата беше објавена вчера на 13 веб-страници и траеше 24 часа. Во овој период гласале 4.672 лица.
Над 16 отсто од испитаниците сметаат дека Богоевски треба да направи наркотест за да се утврди дали е тој уживател на психотропни супстанции, а 12,6 отсто од анкетираните сметаат дека Богоевски не треба да поднесе оставка бидејќи тоа е негова лична работа. Само 4,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека треба да се пронајде возачот на такси-возилото што наводно го снимил телефонскиот разговор на Богоевски.
Од анкетираните 4.672 испитаници, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, 65 отсто биле мажи, најголем дел на возраст од 25 до 44 години. Повеќе од 86 проценти гласале од Македонија, а другите од Германија, Швајцарија, Австралија, Велика Британија и од други држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ценовска Серафимовска: Скопје, европска престолнина на културата

Со СДСМ, македонската култура постигнува значајни успеси. Главниот град, Скопје, е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година, истакна на денешната прес-коференција Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на ЦО на СДСМ.
„Добивањето на оваа престижна титула ќе значи можност за силен културен развој на градот, реализација на нови проекти со кои ќе се збогати европската културна таписерија со македонските богатства.
Овој избор е признание на сите заложби на институциите предводени од СДСМ, пред се Министерството за култура, Владата но и поранешната локална власт во градот која имаше визија и ја подготви апликацијата.
Додека ДПМНЕ го уназадува Скопје, му предизвикува нова катастрофа, СДСМ обезбедува можности за развој“, вели таа.
Надлежните институциите, додава таа, се подготвени да одговорат на предизвикот.
„Владата, преку Министерството за култура, безрезервно поддржуваат реализација на овој проект.
Следува уште многу работа за Скопје и целата македонска култура во 2028 година да се покажат во најдобро светло на европската и светската сцена.
Овој нов успех на македонската култура доаѓа само неколку дена по одлуката на Комитетот на УНЕСКО со што го сочувавме престижниот статус на нашиот бисер. Охридскиот регион остануваат на листата на светско културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност“, кажа Ценовска Серафимовска.
Македонија
Милионска добивка со фибоначи-бонусот на SPORT LIFE

Нов милионски тикет во „Sport Life” – Струмица, со помош на големиот Фибоначи бонус на добивката од 610% .
Ова шесткратно зголемување на добивката, редовниот играч на „Sport Life“ го остварил со уплатени 50 денари, а освоил неверојатни 1.795.145 денари. Дури 1,5 милион денари се од бонусот на добивката, која инаку би изнесувала 300.000 денари.
За милионскиот тикет, нареден со 23 натпревари од изминатиот петок и викендот, најдраматичен бил натпреварот со Фенербахче во неделата. Победничкиот гол на истанбулскиот клуб бил постигнат дури во 80-тата минута по претходен пресврт на резултатот и со тоа била осигурена и милионската добивка на играчот од Струмица.
Фибоначи бонусот е во игра уште една недела, односно до 28 септември, па така сите оние кои редат долга низа на натпревари на тикет, можат да очекуваат нови изненадувања и зголемување на добивката.
Возбудата за лојалните играчи на „Sport Life“ продолжува со новата сезона на Типстер куп натпреварот, при што секој месец ќе се доделуваат 100.000 денари за најмногу погодени тикети во месецот, а тука е и новата „Спортска по твое“ или „Среќна 13-ка“, со која за погодени 13 натпревари на тикет по избор на играчот, ќе бидат доделувани премии од 120.000 денари секој месец, сè до јуни следната година.
Со членството во СЛ клубот, играчите на Sport Life стекнуваат право да учествуваат во новите акции и игри, и да ја зголемат добивката со бонуси и премии.
ПР
Македонија
Грковска: Политичарите треба да бидат пример за работење со интегритет и тоа понатаму треба да се бара и од другите

„Убедена сум дека жените и младите се носители на позитивните промени во општеството. И затоа ми е драго што денеска ја прошируваме мрежата за соработка и поддршка на жени, кои се или биле вклучени во напорите за промоција и вградување на принципите за добро владеење, за превенција и справување со корупцијата, но и за поддршка на младите од регионот за да се обединат во зголемување на притисокот за градење на општества засновани на интегритет, чесност и одговорност“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на втората регионална конференција на Форумот на жените лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција, која денеска се одржува во Скопје, со поддршка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.
Грковска го модерира првиот панел во рамките на конференцијата, посветен на жените во сферата на правдата и на корупцијата во правосудниот систем, на кој учествуваа: Мирјана Лазарова-Трајковска, судијка во Врховниот суд на Северна Македонија и поранешна судијка во ЕСЧП, Ина Рама, судијка во Специјалниот апелациски совет при Уставниот суд на Република Албанија, Ленче Ристовска, јавна обвинителка и прв обвинител за врска на Република Северна Македонија со Eurojust – агенција на ЕУ за соработка во областа на кривичното право, Бојана Савовиќ, заменик-обвинителка во Вишото јавно обвинителство во Белград, Република Србија, и Јелена Перовиќ, директорка на Агенцијата за спречување корупција на Црна Гора.
Еминентните говорнички споделија свои лични искуства во вршењето на својата професијата и за состојбата во стручната фела. Тие беа согласни дека жените се навистина бројно застапени во земјите од целиот регион, но дека тоа не ги одразува реалната моќ и застапеноста на одлучувачко ниво. Осврнувајќи се на родово заснованите ризици во вршењето на одговорните задачи во борбата против криминалот и корупција, тие се осврнаа на притисоците и омаловажувањата на кои биле подложени.
„Клучна е политичката волја. Ние политичарите треба да бидеме пример за работење со интегритет и понатаму тоа да го бараме од другите“, истакна Грковска и додаде дека зголемувањето на личниот интегритет е важно на сите општествени нивоа, како и транспарентноста во работењето, за граѓаните да имаат вистинска слика за состојбите.
Сумирајќи ги излагањата на панелистиките, таа заклучи дека општата атмосфера на неказнивост ги дерогира нашите општества, како и двојните стандарди и немањето доволно солидарност за луѓето со интегритет.