Македонија
Маркоска: ВМРО-ДПМНЕ да се откажe од блокадите за изградбата на нов клинички центар
Блокадите на изградбата на нов клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ e пример за неодговорно, незрело дејствување кое е на директна штета на граѓаните и македонското јавно здравство, изјави пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска.
„Откако не успеаја да го одбранат криминалот, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат своите фрустрации и внатрепартиски пресметки да ги прекршат врз граѓаните, овде во законодавниот дом. Очигледно е дека единствената намера на ВМРО-ДПМНЕ е да спречат развој на македонското здравство, да блокираат сè што е во интерес на граѓаните и државата. Затоа и одбија формирање на посебна собраниска комисија која ќе ја води постапката за нов клинички центар и која ќе биде водена токму од опозицијата во Собранието“, смета Маркоска.
Како што додаде, со овој проект државата за првпат по цели 80 години ќе добие нов современ, модерен клинички центар на предвидената локација во општина Ѓорче Петров.
Да се биде против овој проект, вели Маркоска, значи да се биде против интересите на граѓаните и на државата.
Таа ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и наместо за фотелјата во белата палата да работат за граѓаните, да издејствуваат кај своите колеги повлекување на 2.000 амандмани со кои се кочи овој важен проект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево со умерена локална облачност
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.
Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Скопје
Без вода Кисела Вода и Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.
– поради изведување на водоводен приклучок ф- 200 мм на улицата Борис Трајковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Кисела Вода)
– поради менување на вентил ¾ на улица Македонија 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Центар)
Скопје
Без струја денеска делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сопиште
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
– Во период од 08:30 – 12:00 часот, корисниците од ул.1520-населба Пинтија (општина Кисела Вода)
– Во период од 08:30 – 12:00 часот, поголем дел од корисниците во Волково, од пругата во Ново село до кружен тек во Волково. (општина Ѓорче Петров)
– Во период од 09:00 – 15:30 часот, корисниците од дел од улиците Брсјачка Буна, Овчеполска, Виетнамска, Пелагонија. (општина Шуто Оризари)
– Во период од 10:00 – 16:00 часот, корисниците на дел од село Горно Соње кај црквата. (општина Сопиште)