Македонија
Мајк Помпео денеска во посета на Северна Македонија
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска ќе пристигне во Охрид каде што ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
На средбите Помпео уште еднаш ќе истакне дека договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Северна Македонија и Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и ЕУ, а ќе стане збор и за безбедноста и можностите за економски развој на Северна Македонија.
Помпео ќе ја посети и црквата „Света Богородица Перивлепта“, која беше реновирана и конзервирана со средства обезбедени преку УСАИД, односно од американските даночни обврзници.
Помпео е втор државен секретар на САД што ја посетува нашата земја по Колин Пауел во 2001 година.
Помпео во рамките на турнејата во регионот го посети Ватикан, денеска е и во Црна Гора, а од Северна Македонија заминува во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

