Македонија
МВР интензивно работи на законските измени за побезбеден сообраќај, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на јавната дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ во Центарот за обука на МВР – Идризово, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје, .
Тошковски нагласи дека мора професионално да се пристапи кон соодветна измена на законската регулатива која во еден дел за жал не е соодветна со потребите коишто ги имаме сите како граѓани.
„Само минатата година имаме околу 30 жртви пешаци и околу 140 жртви во сообраќајни незгоди ширум државата што се бројки многу над европскиот просек. Човековиот живот нема цена. Правилата на игра коишто ќе ги ставиме на хартија ќе мора доследно да ги почитуваме сите и преку правно процесирање низ институциите секој еден ќе сноси одговорност при нивно кршење, непочитување или неприменување.“, потенцираше Тошковски.
Министерот уште еднаш нагласи дека МВР интензивно работи на законски измени коишто би требало да имплементираат еден круцијален проект кој би требало да доведе до побезбедни улици, побезбеден сообраќај и побезбедни граѓани.
„Со имплементација на проектот „Безбеден град“ во Скопје, Куманово и Тетово а потоа и на територија на цела држава, верувам дека во иднина ќе спасиме многу човечки животи коишто сме го губеле во минатото.“, нагласи на крај министерот Тошковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.