Контакт

Македонија

МВР: Немаме профил на „Инстаграм“, креаторите на лажните профили ќе бидат санкционирани

Објавено пред

МВР нема профил на „Инстаграм“, а креаторите на лажните профили ќе бидат законски санкционирани, реагира Министерството за внатрешни работи бидејќи деновиве биле креирани профили на оваа социјална мрежа, а со називот на институцијата.

„Во последниот период креирани се неколку лажни профили, кои го злоупотребуваат називот на институцијата, и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за законско санкционирање на креаторите на овие профили“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи има своја веб-страница, а профили има само на социјалната мрежа „Фејсбук3 и „Јутјуб“.

Македонија

Маричиќ – Брегу: Добрата регионална соработка подразбира ширење на духот на европските вредности

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, имаше средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, која во моментот е во работна посета на земјава.

На средбата Маричиќ истакна дека добрата регионална соработка е суштинска за ширење на духот на европските вредности и практики, за динамична европеизација на регионот, а дека во тој поглед, Советот за регионална соработка е значаен за воспоставување и негување на добрата соработка во регионот.

Министерот Маричиќ потенцираше дека Република Северна Македонија е на историски пат, бидејќи наскоро се очекува официјално започнување на преговорите со ЕУ и да го отвориме Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шведската амбасадорка со поддршка за борбата против криминалот и корупцијата

Објавено пред

Поддршката што Шведска ѝ ја дава на земјава во процесите на интеграција кон ЕУ, како и можностите за идна соработка во областа на безбедноста, биле во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шведската мабасадорка Кристин Форсгрин Бенгтсон, информираат од МВР.

Соговорниците ги потврдиле заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата, со подготвеност за заедничка соработка на овие полиња во иднина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Објавено пред

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата на болницата го ставиле во нивното возило и го однеле дома.

Ова се случило утринава, откако пациентот бил донесен на лекување со отежнато дишење, изнемоштеност и други коморбидитети. Случајот е пријавен во полиција.

„Околу 9 часот донесен е пациент во инфективна амбуланта поради отежнато дишење, покачен крвен притисок, изнемоштеност, слабост и неможност да се движи. Штом е донесен, веднаш е пристапено кон преглед, давање помош и терапија на пациентот. Тој имал повеќе коморбидитети. По давањето на терапијата, по 15 минути, пациентот е езгитиран (починат). Додека се давала терапијата, присутни биле неговите од фамилијата, жената и ќерката. Сè било според протокол. За 20 минути, пациентот егзитира. Не се испочитуваа протоколите за земање на телото на починатиот. Во болницата дојдоа поголема група на нивни пријатели и роднини и насилно го зедоа пациентот, односно починатиот од амбулантата. Го зеле умрениот сосе кревет, преку ограда го донеле во дворот на болницата, каде што ги чекало комби и починатиот го однеле дома“, вели Наќе Гогов, директор на Општата болница во Струмица.

Бидејќи телото на починатиот било насилно изнесено од болницата, докторите не успеале да земат брис за испитување, за да се утврди дали бил заразен со коронавирус.

Претходно, пациентот се лекувал кај матичниот лекар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија2 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија3 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа4 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија5 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија5 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет6 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија7 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет19 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија21 час

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија23 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Досие