Македонија
(Видео) МВР ќе ги јакне капацитетите за борба против фалсификувањето евра
Постоењето капацитети за борба против фалсификувањето евра е еден од основните предуслови предвидени во поглавјето 24 и колку побргу ќе ги изградиме овие капацитети, толку подобро за процесот на преговори, но и подобро за зајакнување на нашите институции во зголемување на капацитетите и нивната стабилност, со што ќе се зголеми довербата на граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски на конференцијата „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификувањето евра“, што се одржува во Скопје.
Потребата за реализација на овој проект произлегува и од забелешките од неколкуте последователни извештаи за напредокот на Република Македонија, во кои беше утврдена потреба од јакнење на капацитетите на институциите имаат свои ингеренции во делот на борбата против фалсификување на еврото. Фалсификувањето на парите, вклучително и еврото, ќе биде една од клучните области во Поглавјето 24, кои ќе бидат таргетирани со почнување на скрининг-процесот.
Во изминатиот период од страна на Владата, рече Спасовски, се преземени неопходните мерки за прифаќање и вклучување на европското законодавство во оваа област. Веќе е воспоставена централната канцеларија за истраги во областа на фалсификувањето пари.
Проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификувањето на еврото“ почна со имплементација на 1 ноември 2018 година и има цел да воспостави ефикасно функционирање на системот за спречување на фалсификувањето пари, спречување вршење криминални активности, јакнење на монетарниот систем на Република Македонија, како и приспособување на македонските со европските стандарди за борба против фалсификувањето пари. Досега веќе се реализирани неколку експертски мисии со цел мапирање и запознавање со моментната состојба. Како имплементатор на проектот, кој е предвидено да трае осум месеци, е избрана германската Бундесбанк.
„Крајни корисници на резултатите во рамките на проектот се одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност и Народната банка на Република Македонија. Во овој дел би сакал да изразам благодарност до претставниците на Народната банка за нивната континуирана соработка и поддршка и се надевам дека таа ќе продолжи и во иднина. Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни активности со цел успешна имплементација на овој исклучително значаен проект и ќе работи на понатамошно зајакнување на меѓуинституционалната соработка помеѓу сите засегнати фактори“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

