Македонија
Метју Палмер доаѓа во посета на Македонија
Заменик-помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за pреспанскиот договор меѓу Македонија и Грција, објави Aмбасадата на САД во Скопје, на својот твитер-профил.
Deputy Assistant Secretary of State Matthew Palmer will travel to Macedonia on Oct 22 to discuss U.S. support for the Prespa Agreement & the importance of Macedonia’s reform agenda. He will meet with govt & political party officials, including @Zoran_Zaev & @Dimitrov_Nikola.
— US Embassy Macedonia (@usembassymkd) October 18, 2018
„Палмер ќе пристигне во Македонија на 22 октомври за да разговара за поддршката на САД за преспанскиот договор и важноста на напредокот на македонската реформска агенда”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

