Македонија
Меѓаши: Партиите да ги повлечат спотовите со деца, а Обвинителството да постапи
Првата детска амбасада во светот Меѓаши упати апел до политичките партии, Основното јавно обвинителство, Државната изборна комисија и медиумите дека децата треба да се третираат сериозно, а не да се користат како инструмент во кампања.
„Крајно сме разочарани и револтирани од неодговорниот однос на сите политички и институционални чинители кон децата и нивните права за време на предизборната кампања. По трет пат апелираме до сите политички партии, до Државната изборна комисија, до Основното јавно обвинителство и до медиумите да го сменат својот однос и покажат дека децата се важни за нив, секој во рамки на своите надлежности“, велат од детската амбасада.
Во текот на вчерашниот ден, Меѓаши до Основното јавно обвинителство (ОЈО) достави информација за инволвирање на децата во политички кампањи и неколкукратно прекршување на нивните права. Во доставената информација дадени се линкови, на конкретни примери на злоупотреба на деца во политичката кампања, на увид на ОЈО, па се очекува Обвинителството соодветно да реагира.
Исто така, во текот на вчерашниот ден, апелирале и до Државната изборна комисија (ДИК) упатувајќи ги нивните согледувања за прекршување на правата на децата во кампањите на политичките партии, како и злоупотребана децата и детскиот свет.
„Како институција што е одговорна за обезбедување услови за демократско и слободно спроведување на целиот процес на предвремените парламентарни избори – од предизборната кампања, се до денот на изборите, очекуваме дека ДИК ќе преземе соодветни мерки кон политичките партии во насока на заштита на правата на детето и најдобриот негов интерес. Од медиумите очекуваме да бидат главни актери во подигнување на свеста за заштита на правата на детето, да отвораат теми и дебати од едукативен и информативен карактер со цел подобро разбирање на тоа што значи злоупотреба на правата на децата во политички кампањи. Ги потсетуваме дека е забрането емитување на политички рекламни спотови во кои се вклучени деца“, велат од Меѓаши.
Оттука порачаа до сите политички партии што учествуваат во изборниот процес, да ги повлечат сите рекламни спотови во кои на кој било начин ги злоупотребуваат децата со цел постигнување политички поени.
„Во ова ги вклучуваме и политичките спотови во кои на експлицитен начин се злоупотребени лични податоци на малолетници – нивни ликови, и политичките спотови во кои е засегнат животот и светот на децата иако отсуствуваат слики и ликови на деца. Без разлика дали децата се појавуваат со свој лик во спотот или само се злоупотребува контекстот на детскиот свет, злоупотребата е еднакво иста и се искористува истата манипулативна техника, а тоа е емоционалната манипулација со чувствата на гласачите кон децата, симбол на иднината на едно општество. И повторно ги повикуваме: со истиот ентузијазам и енергија да пристапувате кон прашањата поврзани со децата и заштита на нивните права во текот на вашите мандати на кое било ниво на власт! Будно го следиме процесот на предизборната кампања и однесувањето на сите чинители во овој процес кон децата и заштитата на нивните права!“, додава Првата детска амбасада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

