Македонија
Мизрахи контра Шкријељ: Таа го спречува движењето на документите низ Министерството
Рашела Мизрахи, која е технички министер за труд и социјална политика во преодната влада, обвинува дека дополнителниот заменик-министер Санела Шкријељ креира упад во нормалното функционирање на МТСП.
Мизрахи тврди дека Шкријељ рамки надвор од законот ја блокира нејзината работа, го спречува нормалното функционирање на МТСП и нормалното движење на документите низ институцијата.
„Санела Шкријељ со нескриена партиска агенда врши притисок и мобинг врз вработените во МТСП. Последниот истап на Санела Шкријељ е директно влијание и забрана која излегува од законските рамки да спречи архивирање на документи потпишани од министерот за труд и социјална политика и нивно понатамошно спроведување и постапување по нив во рамките на работата на МТСП. Сето ова го наметнува прашањето од што се плаши дополнителниот заменик-министер Санела Шкријељ и што е тоа што не треба да излезе на виделина?“, вели Мизрахи.
Според неа, ваквиот начин на функционирање е евидентен подолг период.
„Поголем дел од центрите за социјална работа под МТСП извесно време функционираат со вршители на должност на местото директори, преку овластувања издадено од претходниот министер. За жал, со изгласување на новиот владин состав, односно со именувањето на Рашела Мизрахи за министер во МТСП, како и на Санела Шкријељ како дополнителен за.меник-министер, одреден дел од в.д. директорите создаваат дисфункција на системот со нивно отсуство, но и заради намерни пропусти и неизвршувањето на работните задачи. Зад сиот процес на создавање тешкотии во организацијата на севкупниот процес на работа, за жал, стои политичка мотивација на дел од в.д. директорите, но и евидентниот притисок од дополнителниот заменик-министер во МТСП Санела Шкријељ.
Сето ова ги надминува границите на политичка коректност, но и верба во капацитетот на кадарот Санела Шкријељ од СДСМ во насока на делување кон создавање амбиент за фер и демократски изборен процес, што е и целта на ваквиот дополнителен заменски министер. Воедно, ваквото делување и демонстрирање сила отвора сомнеж за намерно блокирање на процесите на работа на МТСП, но и обид за сокривање на претходни недоследности од минатиот министер.
МТСП не смее да дозволи нефункционирање на сопствениот систем што би довело до последици кои директно ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија.
Вработените во МТСП не смеат да бидат жртви на партиската агенда на СДСМ и нивниот кадар дополнителниот заменик-министер во МТСП, Санела Шкријељ“, вели Мизрахи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

