Контакт

Македонија

Милевски во Истанбул: Западен Балкан треба активно да ги решава локалните проблеми

Објавено пред

Eкономскиот развој, стабилноста, владеењето на правото и одливот на младите се главните проблеми што ги засегаат земјите од Западен Балкан, порача министерот Горан Милевски на „Мармара урбан форум“ во Истанбул, Турција.

„Министерството ја поддржува иницијативата на Намас во Берлинскиот процес да бидат вклучени и единиците на локална самоуправа и нивните асоцијации. Наш предлог е работните средби на општините да станат интегрален дел на Берлинскиот процес и тие да се одржуваат постојано, како и да се организираат форуми на локалната самоуправа, на кои ќе дебатираат претставниците на општините и асоцијациите на локалната самоуправа.

Исто така, преку вмрежувањето на министерствата за локална самоуправа и регионален развој од регионот ќе овозможиме да се зголеми соработка помеѓу државите во насока на решавање на заедничките проблематики на земјите од Западен Балкан. Соработката преку поддршка на ИПА-програмите е задоволителна, но таа мора да се прошири во повеќе области“, истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Македонија е копретседател со Берлинскиот процес и таа позиција треба да се искористи за наметнување теми и иницијативи што ќе бидат од интерес на сите граѓани. Министерот го поздрави и намалувањето на цените на роамингот до негово целосно укинување помеѓу земјите од Западен Балкан.

„Процесот за укинување на роамингот меѓу земјите што не се членки треба да продолжи со опфаќање и на земјите што веќе се во ЕУ. Рушењето на ценовните бариери за комуникација помеѓу граѓаните и бизнисот треба да биде почеток на надминување на сите пречки што стојат на патот на соработката помеѓу нашите земји“, додаде Милевски.

Тој по покана на „Мармара урбан форумот“ во Истанбул, со наслов „Градовите развиваат решенија“, престојува заедно со претседателите на советите на општините Липково и Центар, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, како и пратеникот Енес Ибрахим. На Форумот учествуваат претставници на локалната самоуправа од општините во Турција, како и од општини од 25 други држави.

Македонија

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Објавено пред

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот Регион, кои се занимаваат со прашања од областа на заштитата на животната средина.

Според објавите на „Екогерила“ и Ta shpëtojmë Kodrën e Diellit на „Фејсбук“, километри траса се сечат за да се изградат зафати и цевководи за хидроелектрани. Тие најавуваат голем народен собир викендов во Лешница.

Тие апелираат да престане уништувањето на шумите и да запре изградбата на хидроцентралите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Објавено пред

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во членство за Република Северна Македонија и тоа ќе биде силна порака и за другите земји во регионот дека донесувањето тешки и одговорни одлуки, како и длабоките реформски процеси, се влог за подобра иднина, е заедничкиот став од денешната средба на премиерот Зоран Заев и потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, соопшти Владата.

„Позитивна одлука на европските лидери за почеток на преговорите со Северна Македонија е логичен одговор за признавање на досегашните испораки на земјата и силен поттик за континуитет на реформите во насока на постигнување на европските стандарди“, рекол Заев.

Тој потенцирал дека секое одлагање на почетокот на преговорите ќе ослободи простор за влијание на трети страни, на кои демократските вредности не им се приоритети.

Потпретседателот на Европската комисија, Тимерманс, од своја страна, нагласил дека политиките и остварувањата на Владата на Северна Македонија се за почит и дека имаат силна поддршка од европските институции и од огромното мнозинство на земјите членки на ЕУ, кои се за почеток на преговарачкиот процес за членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фајон: Ова е срамота, Макрон, разбуди се!

Објавено пред

„Ова е срамота. Емануел Макрон, разбуди се!“, порача известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон, на „Фејсбук“, која остро реагира на одлуката на Франција да го блокира почнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија.

Фајон на „Фејсбук“, објавувајќи фотографии со премиерот Зоран Зав, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерката Радмила Шекеринска, порача:

„Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Овие лидери ги завршија своите обврски! Сега е време Советот на Европската Унија да го заврши својот дел од обврските и конечно да се согласи за почнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ56 минути

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Топ1 час

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија2 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа2 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија3 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа4 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион5 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет5 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа5 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија16 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија17 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија19 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа21 час

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија22 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија24 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија24 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија1 ден

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет1 ден

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион1 ден

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија1 ден

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Досие