Македонија
Милевски: Рамномерниот развој на државата е приоритет
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и градоначалникот на Гази Баба и претседател на Скопскиот Плански Регион, Борис Георгиевски, денеска го посетија населеното место Булачани, каде што со средства од Програмата за рурален развој почна изградбата на локална патна мрежа.
Милевски истакна дека рамномерниот развој е приоритет на Владата и на Министерството за локална самоуправа и во наредниот период Министерството со зголемена динамика ќе работи на подготовка на нов стратешки документ.
„За жал, и по десет години од спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој сè уште развојните разлики се големи, не само меѓу планските региони, туку и внатре во планскиот регион, меѓу општините и меѓу населените места. Министерството за локална самоуправа со зголемена динамика пристапува кон подготовка на нова Стратегија за регионален развој. Планските региони треба да бидат конкурентни за проекти и за нови инвестиции. Во исто време Владата работи на намалување на развојните разликите, посебно на разликите во пристапот до јавните услуги“, рече Милевски.
Министерот за локална самоуправа нагласи дека средствата во буџетот наменети за рамномерен регионален развој се дуплирани и од 3,5 во 2017 година, се зголемени на 7 милиони евра или 420 милиони денари во 2019 година.Оваа година во Скопскиот Плански Регион се реализираат 13 нови проекти во вкупна вредност од 35,5 милиони денари, средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа. 20,5 милиони денари се за проекти за развој на регионот, а 15 милиони денари за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.
„Како министер за локална самоуправа посебно внимание ќе посветам на рамномерниот развој, особено на малите, рурални општини, и на зголемување на конкурентноста на поголемите општини и на планските региони. Секоја општина има свои специфики и тие треба да се стават во функција на развојот“, рече Милевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

