Македонија
Министерката Тренчевска на предновогодишна дружба со децата од градинката „Димче Мирчев“ – Велес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети Јавната детска установа „Димче Мирчев“, во Велес каде што покрај предновогодишната приредба во изведба на децата од оваа градинка, во духот на новата година се оддржа и детска претстава во која учествуваа Снежана Конеска-Руси и Дедо Мраз.
Детската претстава одиграна од страна на актерите, беше можност и за промоција на сликовницата „Новогодишна сказна“, која покрај кириличното писмо, го има и знаковниот јазик и брајовото писмо. Низ приказна на децата им беше истакнато значењето на инклузијата односно на вклученоста на сите во општеството, како и дека различностите треба да се почитуваат и прифаќаат.
Примероци од оваа сликовница добија библиотеките на сите градинки во Велес.
Денешниот последен работен ден, беше заокружен со дружба на децата од Дневните центри за деца на улица од Шуто Оризари и Кисела Вода, како и Прифатниот центар за бездомни лица – Чичино село.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.