Македонија
Министерот за внатрешни е против законот за амнестија
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е против Законот за амнестија кој го предлага Владата.
„Апсолутно не е соодветно ниту времето, ниту моментот на носење Закон за амнестија. Второ, опфатот кој е барем соопштен, дека ќе опфати прилично мал број на лица, исто така нема да помогне многу. Меѓутоа сега тоа е работа на собранието. Прво, сметам дека нема да имаме никакви ефекти во однос на носењето на законското решение, нема да допринесе значително да се ослободат места или да се намали притисокот на казнено – поправните установи. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетите на затворските институции“, рече првиот човек на МВР.
Со законот, кој е на предлог на министерот за правда, целосно ќе се ослободат лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, а на останатите осуденици на полесни кривични дела ќе им се намали казната за 30%.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.

