Македонија
Министерот Чулев во посета на велешките полицајци
Министерот Чулев денес ги посети полициските службеници од СВР Велес кои се ангажирани во спроведувањето на мерките на Владата поврзани со ограничувањето на движењето, но и полициските службеници кои ги обезбедуваат објектите што се наменети за лицата кои се сместени државен карантин.
На територијата на СВР Велес во изминатиот период, односно од воведување на полицискиот час, констатирано e дека вкупно 123 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, а од нив 5 се лица на возраст до 18 години. Од страна на Секторот за внатрешни работи во Велес до Основното јавно обвинителство поднесени се вкупно 72 кривични пријави и 2 известувања за вкупно 85 лица.
На подрачјето кое го опфаќа Секторот на внатрешни работи Велес издадени се вкупно 79 решенија за изолација и пополнети се 971 изјава за самоизолација. Од страна на полициските службеници констатирани се 12 прекршувања на изјавите за самоизолација и поднесени се соодветни пријави до јавното обвинителство. На територијата на СВР Велес во моментов има три објекти во кои се спроведуваат лицата кои се сместени во државен карантин и во нив заклучно со денес сместени се вкупно 131 лице, од кои на 84 лица веќе им завршила мерката карантин.
Во рамки на посетата, министерот Чулев потенцираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи завршена е постапката за набавка на соодветна заштитна опрема и средства која вклучително со опремата што е добиена од донација е ставена на целосно располагање на полициските службеници, при што апелираше до нив истата соодветно и редовно да ја употребуваат при извршување на секојдневните работни задачи и обврски, а со тоа да дадат и сопствен придонес и грижа за своето здравје.
„Здравјето и животот на полициските службеници е од исклучителна важност за мене како министер, но и за целото раководство на Министерството за внатрешни работи. Во таа насока во континутитет ги преземаме сите мерки со кои гарантираме највисоко ниво на заштита на сите вработени“, потенцираше Чулев.
Со цел обезбедување соодветна заштитна, во завршна фаза на изготвување е пишан протокол во кој соодветно е пропишано нивото на опрема и заштита кои ќе треба полициските службеници да ги имаат во зависност од типот и видот на работните задачи кои тие ги извршуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

