Македонија
Министерот Чулев на средба со раководствата на синдикатите

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска имаше работна средба со раководствата на репрезентативниот Македонски полициски синдикат и Независниот синдикат на полицијата.
„Министерот Чулев истакна дека е свесен за огромниот број на поплаки на полициските службеници за претходно спроведената систематизација, и дека ќе се воведе механизам за заштита од повреда на правата на вработените преку зголемен надзор и проверка на издадените решенија. Во таа насока министерот Чулев ги информираше дека донел одлука за стопирање на решенијата кои сè уште не се врачени. На средбата беше договорено претставниците на синдикатите да испратат писмена информација за нивниот став во однос на последните распределувања кои предизвикаа реакции во јавноста“, соопшти МВР.
На средбата се разговарало за тековните состојби во министерството, а пред сè, се наведува во соопштението, целта сите полициски службеници професионално да придонесат претстојните избори да поминат во најдобар ред, односно да се обезбеди фер и демократски изборен процес.
„Беше потенцирано дека какво било непочитување на законите соодветно ќе биде санкционирано. На средбата беше договорено и да биде формирана комисија за ревизија на сите правни акти издадени во последниот период во Министерството за внатрешни работи, со учество на синдикатот, која треба да утврди дали се направени неправилности и да подготви соодветен извештај“, соопштија од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалецот Ацо Велковски, кандидатот на СДС за општина Лозово е сигурна формула за длабок пораз

„СДС нема квалитетни кадри и како резултат на тоа по четврти пат во Општина Лозово го кандидира Ацо Велковски. Доколку СДС имаа луѓе со капацитет, немаше да го кандидраат човекот кој има доживеано два локални порази и кој зад себе има повеќе кривични дела“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Велковски е осуден за повеќе кривични дела и тоа за несовесно работење за кое му е изречена казна затвор од времетраење од 1 година и 6 месеци. За кривичното дело проневера во служба, на Велковски изречена му е казна затвор од 8 месеци која беше заменета со алтернативна мерка условна осуда.
Освен овие две Велковски има и уште едно кривично дело и тоа за неовластено навлегување во компјутерски систем, за што судот му изрекол казна затвор од 3 месеци и истата е заменета со алтернативна мерка-условна пресуда.
И ова како да не е доволно за криминалната матрица на СДС, Венко Филипче повторно го избра Ацо Велковски да биде кандидат на локалните избори.
И ова не е ништо друго освен сигурна формула за загарантиран и длабок пораз на СДС на претстојните избори.
СДС повторно ќе „трча“ со истите луѓе кои имаат длабоко криминално досие, но граѓаните препознаваат и нема да дозволат општината да се врати во времето кога се бркаа бремени жени од работа, и кога се изживуваа со вработените во општинската администрација.
Ацо Велковски, кој работеше исклучиво само за свои лукративни цели не може да биде вистинскиот избор за Општина Лозово.
Наспроти овие кадри, кои се и повеќе од познати во јавноста по своите криминали, ВМРО-ДПМНЕ нуди кадри поткрепени со знаење и професионализам“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Влен: Али Ахмети дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

По долго молчење, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, конечно реши да проговори. Да се каже дека „пописот бил во рамките на договорите“ не претставува само јавно признавање на одговорност, туку и шокантен доказ за политичките пазарења направени на грбот на албанската дијаспора. Оваа изјава не е објаснување, туку скандал, велат од Влен.
Затоа, додаваат од коалицијата, Али Ахмети мора јасно да одговори: со кој договор, со кого беше постигнат, во чие име и дали тој договор значеше бришење на албанската дијаспора од официјалните регистри?
„Ако е така, тогаш тоа мора јавно да се признае. Дијаспората заслужува одговор, а одговорноста е неизбежна. ВЛЕН ќе продолжи да го крева гласот за правата на секој Албанец, во земјата и во дијаспората. Дијаспората не е бројка што може да се избрише, туку срцето што ја одржува живa економијата и надежта на оваа земја. Ние го цениме нивното жртвување и сме решени да не дозволиме ниту една политичка измама да го негира нивниот придонес“, велат од Влен.
Македонија
„На СДС и Филипче им премина во навика преку функционери да се закануваат, овој пат на новинари преку Костадинов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Насилството, ароганцијата, заканите, јавното линчување на луѓе и говорот на омраза почнуваат да стануваат заштитен знак на СДС. Преку своите, и така малку функционери, во изминатиот период СДС демонстрира загрижувачки деликвентен однос казнив со закон“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како да не беше доволно насилството и заканите на нивниот советник во Советот на Општина Кочани, сега во исто сценарио влезе и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кој јавно се заканува на новинари и повикува на освета.
Ова не може да биде случајност, тоа е сценарио на СДС и Венко Филипче да ги заплашат и замолчат новинарите, да не смеат да бидат критички кон нив.
Ова го потврдува и фактот што веќе втор ден ги нема ни СДС, ни Филипче збор да кажат и да го осудат ваквиот примитивен и нецивилизиран начин ка јавна комуникација на Костадинов, полна со закани и говор на омраза.
Костадинов упати продолжена закана по животот на новинарот, потенцирајќи дека врз него ќе биде извршена освета со тешки последици по неговиот живот.
„Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.”, е порака која СДС и Филипче ја праќаат преку Костадинов со цел да внесе траен страв кај новинарот.
Тој понатаму додава, „Ова што го направи ќе го носиш како клетва. Ќе ти стои зад секоја реченица. Ќе те демне по секој агол. Ќе ти дојде кога најмалку очекуваш.”
Но, овој новинар не е цел сам по себе, ова е тактика на СДС и Филипче за заплашување на новинарите, кои имаат за цел трајно да го исплашат новинарот и кај него да внесат постојана несигурност.
На оваа закана не смее да се молчи, затоа ги повикуваме СДС јавно да се оградат и да го осудат Костадинов, во спротивно ќе докажат дека нападот врз новинарите е нивна партиска политика.
А воедно, упатуваме апел до Јавното обвинителство да го повика Костадинов на распит за да го праша како планира да ја изврши осветата, за која сам пишува дека е од траен карактер, а потоа и да поведе постапка против него.
Оваа закана не смее да помине и да остане неказнета.
Ако општеството и институциите потклекнат под оваа јавна закана на Костадинов се става во траен ризик од губење на сите до сега воспоставени законски стандарди и општествени норми“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.