Македонија
Министерството за одбрана демантира дека ќе бидат испратени војници во Сирија
Министерството за одбрана најостро ги демантира, како што се наведува во соопштението, измислиците на партијата Единствена Македонија дека министерката Радмила Шекеринска имала средба со американскиот амбасадор Џес Бејли, на која наводно изразила подготвеност да бидат префрлени 44 припадници на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ од Авганистан во Сирија.
„Освен што овие наводи, кои можеме да ги наречеме само чисти измислици, немаат допирна точка со реалноста, тие се и непримерен обид на една маргинална политичка партија и нејзиниот водач за предизвикување вознемиреност кај јавноста и разнишување на довербата во институциите на државата“, се вели во демантот.
Министерството за одбрана, велат од таму, е целосно транспарентно по прашањето за учеството на АРМ во сите мировни мисии (на ООН, ЕУ и НАТО), а така ќе продолжи и во иднина, токму за да се пресретнат обидите на некои кругови, како што е денешниот, за дискредитација на соработката на АРМ со алијансата.
„Потсетуваме и дека сите одлуки во врска со учеството на АРМ во вакви мисии се носат од страна на пратениците во Собранието на Република Македонија. Информациите за тоа во кои мисии учествува Армијата на Република Македонија се јавно достапни и отворени за сите граѓани на нашата држава“, велат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

