Македонија
Министерството за правда: Заштитата на личните податоци – клуч за правата на поединците и развој на правосудниот систем

Правото на приватност и заштита на личните податоци се фундаментални права на секој поединец, кои мора да бидат заштитени и почитувани во сите сфери на животот, вклучувајќи го и правосудниот систем.
Одбележувајќи го Европскиот ден за заштита на лични податоци, министерот за правда Игор Филков во своето обраќање на настанот,, Правна рамка на ЕУ за заштита на личните податоци и правото на приватност во правосудството”,посочи дека правосудниот систем е еден од најчувствителните области кога станува збор за обработка на лични податоци.
,, Во процесот на водење на судски постапки и истраги, често се обработуваат чувствителни податоци кои можат да имаат сериозни импликации за правата и слободите на поединците. Затоа е важно да се осигураме дека секоја обработка на такви податоци ќе биде вршена со највисоко ниво на заштита и почитување на приватноста.Личните податоци се основна компонента на правото на приватност, кое е гарантирано со Уставот и меѓународните документи.Заштитата на овие податоци не е само правен, туку и етички императив кој ги штити граѓаните од злоупотреба. Задача на државата е да обезбеди правна сигурност за сите граѓани преку создавање на стабилна правна рамка која гарантира заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци во сите сфери на животот”,рече министерот Филков.
Република Северна Македонија активно работи на усогласување на своето законодавство со европските правила за заштита на личните податоци, со цел да се обезбеди висока заштита на приватноста на граѓаните.
За успешна заштита на личните податоци потребна е тесна соработка меѓу сите заинтересирани страни, како и размена на знаење и
Обуката за заштита на лични податоци ќе помогне во градењето на капацитети и размена на искуства кои ќе придонесат за понатамошно усогласување на законодавството со европските стандарди.
Настанот беше организиран од Центарот за правни истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители и македонското здружение на млади правници како дел од ЕУ проектот,, Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Муцунски на средба со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

На првиот ден од работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД со која се одбележуваат 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.
Министерот Муцунски ја нагласи важноста на оваа резолуција како потврда за силното пријателство и доверба што ги обединуваат македонскиот и американскиот народ. Тој подвлече дека Република Северна Македонија останува посветена на заедничките евроатлантски вредности, демократијата, владеењето на правото и стабилноста на Западен Балкан.
На средбата се разговараше и за унапредувањето на билатералните односи, поддршката за европскиот пат на Северна Македонија, како и за заедничкото уверување дека посетата ќе отвори нови можности за уште посилна соработка меѓу двете земји.
Во текот на денот, предвидено е министерот Муцунски да оствари средби со повеќе претставници на Конгресот на САД, како и да се обрати на свечен настан организиран по повод 8 Септември – Денот на независноста, во присуство на македонската дијаспора.