Контакт

Македонија

Министерство за животна средина: Невалидни се податоците за загадувањето во Гази Баба во изминатите часови

Објавено пред

Податоците за квалитетот на воздухот во Гази Баба од 22 часот вчера до 14 часот денеска се невалидни и тие не се одраз на извршени мерења на инструментот за мерење суспендирани честички со големина до 10 микрометри од Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во општината, туку се одраз на соодветен код од инструментот кога тој има дефект, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттука посочуваат дека поради тоа бил извршен технички зафат врз инструментот за мерење суспендирани честички, односно замена на потрошен материјал (филтер во облик на лента) преку која се врши отчитување на мерените концентрации.

Извршена е замена на потрошниот материјал и грешката во инструментот е отстранета. Инструментот е пуштен во работен режим, додека податоците од наредните извршени мерења на концентрацијата на ПМ 10 ќе бидат достапни денеска од 15 часот, истакнуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Македонија

Расчистена депонијата под Кале, сопствениците задолжени да ја оградат и чистат парцелата

Објавено пред

Екипите на Град Скопје деновиве целосно го расчистија просторот под скопското Кале кој до пред само неколку недели беше претворен во дива населба и дива депонија и претставуваше извор на аерозагадување, поради огновите што се палеа на отворено.

Бидејќи локацијата е всушност приватна сопственост, Градот Скопје ги задолжи сопствениците да си го оградат местото и ги предупреди дека во иднина тие се одговорни да ја одржуваат хигиената на парцелата.

Градот Скопје најавува засилени контроли и ригорозни казни за оние што ќе дозволат на своите парцели да се трупа ѓубре и да се создаваат диви депонии кои ја загадуваат и нагрдуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ го покажа лажниот патриотизам кога не гласаше за Законот за одбрана

Објавено пред

СДСМ уште еднаш покажа што значи одговорност, храброст и работа во интерес на државата. Го оствариме тридеценискиот стремеж да станеme членка на НАТО. Државата да биде слободна, демократска, економски напредна, со ценета и почитувана армија. Собранието го изгласа Законот за одбрана, кој е од голема важност за членството во НАТО, бидејќи во него е вграден принципот на колективна одбрана, рече Хари Локвенец од СДСМ.

„По три декади нам сонот ни станува стварност, единствено ВМРО-ДПМНЕ и извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски не можат и не сакаат да го видат тоа. Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, наводно поради променетото име.

Од друга страна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаа проблем со уставното име кога се носеше Законот за служба во Армијата. Немаат проблем ниту кога земаат плати или учествуваат на состанок на Европските народни партии. Извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ самите потврдија дека не им пречи уставното име Република Северна Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните освен лажен патриотизам, блокади и деструкции, чекор назад кон меѓународна изолација и заробена држава. Нашето полноправно членство во НАТО е прашање на денови, а не месеци или недели. Собранието го ратификуваше Северноатлантскиот договор и стаса веста дека шпанскиот парламент ја прифати брзата трака за ратификација на нашиот протокол.

Тоа значи дека земјата е безбедна, границите се обезбедени, а граѓаните можат да се чувствуваат сигурно и да ги очекуваат придобивките од членството во НАТО – поголеми инвестиции, повеќе нови работни места, повисоки плати. Граѓаните сакаат да живеат во европска и просперитетна држава и затоа на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ, кои отсекогаш биле насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

Нема враќање назад кон изолација и неизвесност. Тие еден чекор назад, ние три напред“ порача Локвенец.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

Објавено пред

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката Лидија Раичевиќ го праша што се случило кога се дознало дека Пино е најден закопан.

„Јас ѝ реков – ‘зошто не кажа?’, но ние имавме многу малку време за да разговараме затоа што ја приведоа“, сведочеше Ѓорѓиевски.
„Ангела е дете како и сите други деца, сè досега било во нормала. Знаела и позитивно и негативно да изненади. Во суштина е добро дете“.

По исчезнувањето на Пино, Ангела се повлекла и станала поплашлива, а не славела ни Нова година. Ѓорѓиевски раскажа за тоа како го запознал Фуркан Али, кој е обвинет за убиството на Пино.

„Дома кај нас беа дојдени другари и другарки на Ангела, се дружеа во нејзината соба и си заминаа со два автомобила. По некое време, се врати Ангела со Фуркан и кажаа дека автомобилот со кој тие се возеле бил дефект. Јас му помогнав и тоа беше првиот пат кога го запознав“, сведочеше Ѓорѓиевски.

По таа првична средба, таткото на Ангела уште неколкупати наидувал на автомобилот на Фуркан.

„Чувствувам потреба да кажам дека на социјалните мрежи јас, мојата сопруга и пошироката фамилија сме оцрнети со недолични зборови и навреди. Првин имаше информација дека јас сум шофер што не знаел ништо, дека сме разведени, а не сме, сè со цел да се прикаже дека Ангела е дете од нефамилија“, сведочеше Ѓорѓиевски.

„Мене многу ми е жал за изгубениот живот. Секогаш кога ќе отидам во црква, палам свеќа, но со ваквото однесување на госпоѓата Маја, не заслужува да ѝ изразам сочувство. Дури имаше заговор од луѓе за да ја истепаат мојата сопруга на работа“, рече Ѓорѓиевски.

„Ниту јас ниту сопругата не знаела дека Фуркан ѝ е дечко“, рече таткото на Ангела одговарајќи на адвокатско прашање.

Обвинетата Ангела почна да плаче за време на сведочењето на татко ѝ.

Судот го одби предлогот на одбраната за повторно испитување на мајката на Пино.

Судијката Ленка Давитковска следното рочиште го закажа за 24 феврури.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница. Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година.

Искра Манојлоска

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија1 час

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија2 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија3 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет4 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ5 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет5 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет5 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет7 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија18 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија20 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија21 час

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија22 часа

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија22 часа

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија23 часа

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија1 ден

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија1 ден

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија1 ден

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија1 ден

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Досие